21 Септември, 2024
0.0255

Кој е Generali Investments, што ја превзеде „Илирика“ во Македонија

Објавено во: Економија 23 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Generali Investments од Словенија создава нова историја на македонскиот финансиски пазар и во спојувањата и окрупнувањата на инвестициски фондови, по официјалната информација дека е во процес на превземање на „Илирика фунд менаџмент“. 

Ова е прво преземање и спојување на две друштва за управување со фондови. „Илирика“ во Македонија е прво формирано друштво за управување со фондови во државата, а спојувањето покажува дека финансискиот пазар не мирува во земјата дури и во корона-криза.

На пазарот на финансии. корпоративни преземања и спојувања до сега имаше само во  банкарскиот и осигурителниот сектор во Македонија, а ова ќе биде прв пат кај инвестициските фондови.

Трансакција ќе се случи по одобрувањето од регулаторното тело на пазарот односно од Комисијата за хартии од вредност (КХВ). Со преземањето Generali Investments дополнително ја зацврстува пазарната позиција  како втора најголема компанија за управување со средства во Северна Македонија.

Generali Investments е основана во 2008 година под името КД Фондови. Нејзиниот основен бизнис е управувањето со средства, односно остварувањето на финансиски приноси во зависност од структурата на управуваните портфолија. Во февруари 2019 година, Друштвото КД Фондови се приклучи кон Групацијата Генерали и официјално го промени името во Генерали Инвестментс во септември 2019 година.

Неговите фондови инвестираат во инструменти со фиксен принос, депозити, акции на светските пазари во голем број на различни индустрии. Управува со 4 инвестициски фондови, 31,3 милиони евра со приближно 2.000 клиенти. По превземањето на Илирика, компанијата ќе превземе 3 инвестициски фонда и индивидуално управувано портфолио со околу 1.900 клиенти и со тоа ќе ги зголеми средствата на управување на 46 милиони евра и 3.900 клиенти.

Таа е една од најголемите глобални осигурителни компании и давател на услуги за управување со средства. На глобално ниво управува со 630 милијарди евра глобално и 23 милијарди евра во земјите на централна и источна Европа поради што е една од најголемите компании за управување со средства во овој регион.


Можеби ќе ве интересира

Управниот одбор на АД ЕСМ именуваше нови директори

Управниот одбор на АД ЕСМ именуваше нови директори

Владата донесе одлука: До 31 октомври намалени цените на 73 прехранбени производи

Владата донесе одлука: До 31 октомври намалени цените на 73 прехранбени производи

НОВ ШОК: „Фолксваген“ може да отпушти до 30.000 работници во Германија

НОВ ШОК: „Фолксваген“ може да отпушти до 30.000 работници во Германија

(ВИДЕО) Савка Димитрова: Знаев да избркам работник за ситна кражба

(ВИДЕО) Савка Димитрова: Знаев да избркам работник за ситна кражба

СПИСОК НА ХРАНА СО КОЈА НАЈМНОГУ НЕ МАМАТ ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ВО СУПЕРМАРКЕТИТЕ: Она што го купувате е веројатно лажно, од пармезан до тартуфи и ванила

СПИСОК НА ХРАНА СО КОЈА НАЈМНОГУ НЕ МАМАТ ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ВО СУПЕРМАРКЕТИТЕ: Она што го купувате е веројатно лажно, од пармезан до тартуфи и ванила

Која македонска фирма лани за плати на вработените исплати 56,6 милиони евра?

Која македонска фирма лани за плати на вработените исплати 56,6 милиони евра?

ПРЕГОВОРИ МЕЃУ ЕУ И КИНА: Како да се спречат повисоки царини за електричните возила

ПРЕГОВОРИ МЕЃУ ЕУ И КИНА: Како да се спречат повисоки царини за електричните возила

Гигантот за апарати за домаќинство Midea Group дебитира на пазарот во Хонг Конг

Гигантот за апарати за домаќинство Midea Group дебитира на пазарот во Хонг Конг

ЕВРОПСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕ НА АВТОМОБИЛИ БАРААТ „ИТНА ПОМОШ“: Еве за што станува збор

ЕВРОПСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕ НА АВТОМОБИЛИ БАРААТ „ИТНА ПОМОШ“: Еве за што станува збор