27 Април, 2024
0.0283

Кој е виновен за смртта на детето искасапено од кучиња?

Објавено во: Македонија 20 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Случајот со смртта на четиригодишното дете од кичевското село Бачишта, кое почина откако беше парчосано од глутница кучиња, отвори многу прашања за тоа кој е виновникот.

Четиригодишниот Џеваир во четвртокот претпладне беше нападнат и искасан од повеќе кучиња и со тешки повреди на стомакот, скршеници на градниот кош и на черепот беше пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. По четричасовна операција на детето му беа извадени слезината и еден бубрег, по што беше ставено на апарати на интензивна нега на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување. Но, не издржа и вчера попладне малиот Џеваир почина.

Детето било нападнато од кучињата во четвртокот претпладне, кога излегло од неговиот дом и се обидело преку нива да дојде до соседната куќа, каде бил неговиот татко. Кучињата дошле од соседната штала, во сопственост на 49 годишен жител на село Бачишта, а потоа им се приклучиле и кучиња скитници.

Оваа трагедија во кичевско предизвика дебата на социјалните мрежи. Сите сочувствуваат со трагедијата на родителите, но се постави прашањето кој е одговорен за смртта на Џеваир. Државата, сопственикот на кучињата, луѓето.

Имаше и такви, кои за овој случај побараа став и од здружението за заштита на животни „Анима Мунди“, како најревносно и најактивно кога се во прашања правата на животните. Оттаму за овој случај излегоа со соопштение во кое велат:
„Повеќе од кога и да е чувствуваме потреба повторно да го посочиме коренот на проблемот, причинителот на  прекубројноста на бездомните кучиња – кои се на улица, но не по своја вина. Најголем причинител за бездомни животни е човекот, кој ги размножува неконтролирано, потоа исфрла на улица. Сето тоа е игнорирано, поминува неказнето од страна на институциите и неминовно води до продлабочување на проблемот. Тука лежи примарната одговорност. Неопходно е веќе еднаш да сфатиме кај кого е вината, а тоа не се здруженијата за заштита на животни во кои јавноста знае да го впери прстот“ велат од „Анима Мунди“.

Од ова здружение на љубители на животни додаваат дека сегашниот начин на справување со бездомните кучиња во Македонија е исклучително негативен. Надлежните (институциите од локална и централна власт ), според нив, најчесто веруваат дека единствениот начин да се задржи под контрола популацијата на бездомни животни е истите да се убијат, располагаат со народните пари воглавно ги убиваат животните - меѓутоа, тоа е  скап и целосно бескорисен метод кој ги отстранува (за кратко време) симптомите, но нема никакво позитивно влијание врз причините за овој феномен.

МВР најави дека против сопственикот на кучињата кои го нападнаа Џеваир ќе поднесе пријава.

Oд полициската станица во Kичево велат дека подолого време имаат проблем со напади од кучиња. Само годинава во оваа полициска станица пријавени се десет случаи на напади од кучиња, од кои шест во градот, а четири во село Бачишта.

Бездомни кучиња има во сите градови низ земјава. Многумина граѓани од Охрид, Велес, Гостивар, Струга, Штип, на социјалните мрежи се пожалија дека биле нападнати од кучиња или пак стравуваат дека можеби ќе бидат искасани од бездомни кучиња. Некои од нив имаат најрадикални ставови, други прстот го вперуваат во локалната власт дека не се грижи за уличните кучиња, а активистите за заштита на животните велат дека државата нема ни план, ни стратегија за да го намали бројот на бездомни кучиња.

Од „Анима Мунди“ инсистираат на вдомување, наместо купување миленик и со закон да се дефинира задолжителна стерилизација, формулирање законска рамка која ќе санкционира неодговорно сопствеништво – напуштање и неконтролирано размножување на милениците.

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“