24 Септември, 2017
0.3203
    ALK 7297.6    -0.03%     GRNT 870    -0.99%     KMB 2883.3    -1.59%     KPSS 485    -2.81%     KVAS 10670    -3%     MPT 30201    -2.58%     MTUR 4700    2.17%     OKTA 3300    10%     PKB 14500    0.07%     RZUS 120    -1.64%     SBT 2219.26    -0.89%     STB 938.54    -1.78%     STIL 134    3.08%     TEL 279    -0.49%     TNB 13300    0.4%     TPLF 1601    -0.32%     TTK 776    -3%

Кој најмногу ќари, а кој изгуби од македонските спортски обложувалници?

Објавено во: Економија, Анализа 16 Август, 2017

Според билансите на успех и состојба кои имавме можност да ги анализираме на Спорт Лајф, Златна копачка, Моцарт и Бетсити овие четири бренда за обложување во 2016 година имале вкупни приходи од неверојатни 175 милиони евра, што покажува колку Македонците сакаат да трошат пари за игри на среќа, а ова е само еден сегмент од целиот пазар на обложување, игри на интернет, казина и секако облози во останатите десетина помали компании. 

Меѓу граѓаните често се зборува дека во Македонија работат само аптеките и обложувалниците кои ги има буквално на секој ќош. Речиси и да не нема маало во Скопје со најмалку три различни спортски обложувалници кои на прогнозерите им нудат речиси идентични коефициенти, но секој со својата среќа си одбира каде ќе ги вложи парите. Во изминатите 5 години неколку брендови се етаблираа на пазарот, барем гледано во Скопје и доминираат како во бројот на локации, така и во бројот на играчи. Надвор од Скопје состојбата е поразлична бидејќи бизнисот со обложувалници е доста привлечен па има доста локални брендови кои држат територија, а некои од нив постојат долго време па така за големите играчи и да нема многу простор за маневрирање. 

Затоа во оваа анализа ги издвоивме Спорт Лајф кој е најприсутен во Скопје и има десетина локали низ цела територија, потоа Златна копачка како еден од најстарите брендови во оваа област, Моцарт како релативно понов бренд кој е предизвикувач во категоријата и Бетсити Балкан, компанијата на Сергеј Самнсоненко за која секогаш се крева голема прашина. 

Спорт Лајф како што наведовме е еден од најзастапените брендови за уплата на спортска прогноза со над 150 оперативни локали од кои поголемиот дел во Скопје, но и Гостивар, Тетово, Струмица, Прилеп и останатите македонски градови. Според билансот на успех Спорт Лајф 2016 година ја завршил со раст на приходите од 5% или вкупно има 70,9 милиони евра приходи. Бројот на вработени растел и изнесува 766 минатата година. Вкупните расходи на Спорт Лајф изнесуваат 69 милиони евра. Спорт Лајф продолжува да работи профитабилно, па така успеал добивката во 2016 од 1,1 милион евра и да ја зголеми за околу 20% во однос на 2015 година.  

Следен кој работи профитабилно е приредувачот на игри на среќа Златна копачка. Во 2016 имаат одличен прилив на средства со вкупни приходи од 63 милиони евра или раст за околу 7 милиони евра во однос на 2015 година. Растот на приходите секако го следи и раст на трошоците кои за Златна копачка минатата година изнесувале 62,6 милиони евра или исто така се за околу 7 милиони евра повеќе во однос на годината пред тоа. Златна копачка го намалиле бројот на вработени од 372 во 2015 на 348 просечен број на вработени лани. Златна копачка со голем број на места за уплата во Скопје и уште дваесетина низ цела Македонија имал исто така профитибална 2016 година со добивка од нешто над 610 илјади евра. Интересно е што Златна копачка има пад на добивката лани во однос на 2015 година кога имал чиста заработка од 884 илјади евра.

Моцарт е бренд кој држи добар дел од Скопје особено во Чаир, Бутел и Топанско поле. Ако се гледаат нивните биланси на успех ќе се забележи најголем раст на приходите во изминатата година, па така од 6 милиони евра во 2015 за една година приходите скокнале на 32,5 милиони евра. Моцарт обложувалниците се управувани од компанијата Делта Бет која речиси ја преполовила работната сила и од 510 вработени во 2015 лани имала просечен број на 270 вработени. Моцарт годината ја завршува сепак, во загуба од 300 илјади евра што е речиси идентична сума на добивка која ја заработиле една година претходно. Причината за непрофитабилното работење се високиот раст на приходите од речиси 33 милиони евра за една година. 

Бетсити Балкан обложувалниците кои имаат помал број на физички места за уплата и повеќе оперираат преку интернет се единствени во ова друштво со пад на вкупните приходи во 2016 година кои изнесуваат 8,4 милиони евра или за околу 30% помалку во однос на годината претходно. Просечниот број на вработени кај Бетсити е намален во 2016 и изнесува 86. Нивните вкупни расходи во 2016 изнесуваат околу 9 милиони евра па така и годината ја завршуваат со загуба од 55 илјади евра. Најпозитивен момент кај Бетсити Балкан е што загубата ако ништо друго е значително намалена бидејќи во 2015 година работеле со вкупна загуба од 185 илјади евра.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

Богов го скрати оптимизмот, политичката криза ја стопи економијата

Богов го скрати оптимизмот, политичката криза ја стопи економијата

Видео: Би дозволиле ли да ви го наполнат фрижидерот со храна?

Видео: Би дозволиле ли да ви го наполнат фрижидерот со храна?

Русија го демонстрираше најмоќниот нуклеарен мразокршач

Русија го демонстрираше најмоќниот нуклеарен мразокршач

Има ли реална закана за поскапување на лебот?

Има ли реална закана за поскапување на лебот?

Груевски: Македонија треба да се претвори во нето извозник на електрична енергија

Груевски: Македонија треба да се претвори во нето извозник на електрична енергија

ВМРО-ДПМНЕ ветува работа за сите и невработеност под 10%

ВМРО-ДПМНЕ ветува работа за сите и невработеност под 10%

СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО: Европа има бенефити од него, но како да заживее кај нас?

СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО: Европа има бенефити од него, но како да заживее кај нас?

ПОТОП НА БЕРЗИТЕ: Препукувањата на Трамп и Ким реагираа на индексите

ПОТОП НА БЕРЗИТЕ: Препукувањата на Трамп и Ким реагираа на индексите

Август бележи раст на побарувачката за кредити

Август бележи раст на побарувачката за кредити