21 Септември, 2024
0.0266

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Објавено во: Економија 16 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Добра вест е кога 58 домашни физички лица ќе наплатат 2,2 милиони евра бруто дивиденда од нивните акции во една транспортна фирма. А кога од тие пари државата преку УЈП и персоналниот данок ќе внесе во централниот буџет над 220.000 евра тоа е за пример и за почит. ОИЛКО е компанија која е пример за прагматичен и успешен корпоративен „џоинт венчр“ на акционери, пример за тоа дека во македонската економска транзиција од државно кон пазарно има и позитивни примери. Можеби и затоа што на некој начин во суштината на своето битисување е „траст фонд“

Акционерите на ОИЛКО се на „слатки маки“. Добија предлог одлука за дивиденда која ќе им донесе бруто износ од 10 евра за секоја акција што ја поседуваат во оваа транспортна компанија специјализирана за превоз на нафтени деривати и запаливи материи.

Дивидендата во бруто износ носи 10 отсто од последната пазарна цена на таа акција која, за волја на вистината, многу ретко се тргува на нашата берза. Последната пазарна цена била 6.000 денари за акција.

Според предлог одлуката вкупниот износ на дивиденда е планиран на 2,3 милиони евра во денарска противвредност. Дивидендата, доколку биде усвоена, е 40 отсто од целата добивка во 2023 година која изнесува 5,7 милиони евра.

Најголем поединечен акционер во ОИЛКО е најголемата македонска компанија за малопродажба на нафтени деривати „Макпетрол“. Од дивидедна на своите 35,6 отсто акции во ОИЛКО „Макпетрол“ ќе добие 819.000 евра. Втор најголем поединечен акционер е Андреја Јосифовски, кој е претседател на управниот одбор на „Макпетрол“ и негов долгогодишен директор. Доколку се усвои предлогот на акционерското собрание закажано за 18 мај Јосифовски за неговите 15 од акциите во ОИЛКО ќе наплати бруто износ од 345.000 евра. Од тој износ државата односно централниот буџет преку персоналниот данок ќе наплатат 34.500 евра од дивидендата на Јосифовски.

ОИЛКО има уште 57 акционери кои ќе наплатат повеќе од еден милион евра бруто дивиденда од нивните акции во ОИЛКО.

Меѓу другите предлог одлуки кои ќе се најдат пред акционерите можеби најзначајна е таа која укажува на цврска решеност на акционерите да ја чуваат стабилноста на компанијата и одржуваат нејзината пазарна позиција. Имено еден од предлозите е ОИЛКО да чува 3 милиони евра за стекнување сопствени акции преку откуп во ценовна маргина од 50 до 100 евра пазарна цена за секоја понудена акција. Иако реално гледано е тешко да се очекува дека акционер што добива 10 отсто дивиденден принос би се откажал од таква акција.

Повеќе детали за предлог-одлуките имате на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=67389

Р.Ф.

foto freepik.com/claudiodiv

Можеби ќе ве интересира

Управниот одбор на АД ЕСМ именуваше нови директори

Управниот одбор на АД ЕСМ именуваше нови директори

Владата донесе одлука: До 31 октомври намалени цените на 73 прехранбени производи

Владата донесе одлука: До 31 октомври намалени цените на 73 прехранбени производи

НОВ ШОК: „Фолксваген“ може да отпушти до 30.000 работници во Германија

НОВ ШОК: „Фолксваген“ може да отпушти до 30.000 работници во Германија

(ВИДЕО) Савка Димитрова: Знаев да избркам работник за ситна кражба

(ВИДЕО) Савка Димитрова: Знаев да избркам работник за ситна кражба

СПИСОК НА ХРАНА СО КОЈА НАЈМНОГУ НЕ МАМАТ ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ВО СУПЕРМАРКЕТИТЕ: Она што го купувате е веројатно лажно, од пармезан до тартуфи и ванила

СПИСОК НА ХРАНА СО КОЈА НАЈМНОГУ НЕ МАМАТ ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ВО СУПЕРМАРКЕТИТЕ: Она што го купувате е веројатно лажно, од пармезан до тартуфи и ванила

Која македонска фирма лани за плати на вработените исплати 56,6 милиони евра?

Која македонска фирма лани за плати на вработените исплати 56,6 милиони евра?

ПРЕГОВОРИ МЕЃУ ЕУ И КИНА: Како да се спречат повисоки царини за електричните возила

ПРЕГОВОРИ МЕЃУ ЕУ И КИНА: Како да се спречат повисоки царини за електричните возила

Гигантот за апарати за домаќинство Midea Group дебитира на пазарот во Хонг Конг

Гигантот за апарати за домаќинство Midea Group дебитира на пазарот во Хонг Конг

ЕВРОПСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕ НА АВТОМОБИЛИ БАРААТ „ИТНА ПОМОШ“: Еве за што станува збор

ЕВРОПСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕ НА АВТОМОБИЛИ БАРААТ „ИТНА ПОМОШ“: Еве за што станува збор