Колкава е дупката во државниот Фонд за ПИОМ ?
Објавено во: Економија 15 Декември, 2017 08:08
Пензиите ги јадат сите приходи од акциза што ги собира државата. За првите десет месеци годинава од државниот буџет е покриена дупка од 315 милиони евра за пензиите на пензионерите. Податоците покажуваат дека просечно месечно буџетот на ПИОМ е краток за 2 милијарди денари околу 32,4 милиони евра
Сите приходи што државата ги инкасирала од акцизи завршиле во полнење на дупката што ја генерира државниот Фонд за пензиско осугурвање на Македонија (ПИОМ), покажуваат официјалните податоци што ги објавува Министерстовото за финансии на својата интернет страница. Со објавувањето на овие податоци за прв пат јавноста има можност да види колкава е дупката на месечно ниво што ја создава државниот пензиски фонд заради дебалансот меѓу неговите приходи и расходи.
За првите десет месеци годинава дупката на државниот пензиски фонд е 19,44 милијарди денари односно 315 милиони евра, просечно месечно Фондот на ПИОМ е краток по околу 2 милијарди денари кои ги доплаќа централниот буџет. Сликовито кажано, сите приходи од акцизи што ги собира државата одат за пензии на пензионерите. Тоа значи дека кога купувате гориво на која и да е бензинска пумпа, купувате алкохол со фискална сметка вие обезбедувате пензија на вашата мајка, татко, баба или дедо.
Засега се знае дека на среден рок нема решение на ова отворено прашање.
Се очекува генерацискиот јаз да се надмине најкратко за пет години од сега кога ќе почне да се зголемува бројот на пензионери и сумата што ќе ја исплаат фондовите од вториот задолжителен пензиски столб. Со тоа треба да почне да се намалува притисокот, а со тоа и дупката на државниот пензиски фонд.
Приходи, расходи и разлика на ПИОМ јануари-октомври 2017 година (во милијарди денари)

Можеби ќе ве интересира
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност
Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември




