19 Декември, 2025
0.0432

Колку милиони евра плаќаме за камати на државниот долг ?

Објавено во: Економија 21 Декември, 2017 07:56

Добивај вести на Viber

Континуирано расте износот на пари за камати што ги плаќаме за долгот на централната власт. За неполни шест години од јануари 2012 година до октомври 2017 година за камати сме платиле повеќе од половина милијарда евра!!!Значи просечно секој ден за камати на државниот долг оваа година плаќаме 401.315 евра!

Износот што го плаќаме за камати на долгот на централната влада се дуплирал за период од шест години, ова е шокантно откритие откако Министерството за финансии почна транспарентно да ги објавува податоците на својата интернет страница. Имено за првите десет месеци годинава за камати на долгот сме платиле 122 милиони евра, а за цела 2012 година сме платиле 67,2 милиони евра. Податоците се достапни на следниот линк: во „табела 4 Отплати на долг на централна влада“.

Од споредбата на податоците се поставува логичното прашање:како тоа макроекономистите не убедуваат дека состојбата е стабилнаво услови кога износот на камати по долг на централната власт е дуплиран за шест години и покажува континуирана тенденција на раст?

На 3,4 евра отплатена главница на долг сме платиле 1 евро камата!

Во периодот од 2012 година до октомври 2017 година сме вратиле главница на долг од  1,895 милијарди евра. Во истиот период сме платиле камати на долг во износ од 554,7 милиони евра. Соодносот меѓу вратена главница на долг и платена камата е помал од 3,5 наспрема 1!!!  Ќе можеме ли да издржиме со вакво темпо???


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар