16 Декември, 2025
0.0394

Колку пари собраа досега идните пензионери?

Објавено во: Економија 18 Декември, 2017 06:49

Добивај вести на Viber

Во четирите фондови во кои вложуваат идните пензионери (два задолжителни и два доброволни) во десетина години работење досега се собрани 900 милиони евра односно 55,8 милијарди денари (заклучно со крајот на септември годинава). Само за споредба: само за 10 месеци годинава за исплата на сегашните пензионери се дадени вкупно 48,3 милијарди денари.

Вредноста на фондовите во кои идните пензионери чуваат пари до крајот на септември годинава достигна 900 милиони евра, покажуваат официјалните податоци што ги објавуваат друштвата кои управуваат со пензиските фондови од вториот и третиот столб: „КБ Прво пензиско друштво и НЛБ Нов пензиски фонд. Ова се средствата што ги акумулирале и ги оплодуваат двете друштво по нивно дестгодишно постоење и работење.

Кое друштво со колку средства управува?

Двете друштва „КБ Прво пензиско друштво“ и „НЛБ Нов пензиски фонд“ управуваат со по два фонда, од кои по еден е во вториот столб на задолжително приватно осигурување, а имаат уште по еден фонд во третиот столб каде е доброволно осигурувањето односно вложување за идни пензии.
„КБ Прво пензиско друштво“ до крајот на септември годинава има вкупни средства во износ од 29,12 милијарди денари во фондот од вториот столб, а уште 642,1 милиони денари во фондот од третиот доброволен столб. Од достапната структура на вложени средства што друштвата транспарентно ја објавуваат на нивните интернет страници се гледа дека фондот од вториот столб што го води „КБ Прво“ најмногу вложувања има во обврзници што ги гарантира Владата и нивниот износ на крајот на септември е 17,94 милијарди денари. Втора по големина ставка се вложувањата во странски фондови т.е. купување удели и тие се на ниво од 8,62 милијарди денари. Во депозити се чуваат 1,46 милијарди денари, а во домашни акции околу 11 милиони евра односно 0,69 милијарди денари. И во фондот од третиот столб доминантно е вложувањето во државни обврзници само во помали размери гледано во апсолутни бројки. Повеќе од половината од сите средства се во државни обврзници односно ,0349 милијарди денари, во удели во фондови и во акции во странство вредат 189,6 милиони денари, а во депозити се чуваат 69,8 милиони денари. 

„НЛБ Нов пензиски фонд “ управува со нешто повеќе од 26 милијарди денари во двата фонда. Во големиот т.е. во фондот од вториот столб вредноста на средствата е 25,5 милијарди денари и најголемо е учеството на државните обврзници кое изнесува 14,64 милијарди денари. Уделите во странски фондови вредат 3,44 милијарди денари, странските акции се на вредност од 3,03 милијарди денари, а во депозити се чуваат 2,79 милијарди денари. Во домашни акции фондот има 1,17 милијарди денари. Кај помалиот брат – фондот „Пензија +“ вкупната вредност е 549 милиони денари од кои речиси половина се во државни обврзници.

Големи, а мали во споредба со државниот ПИОМ

Податоците покажуваат дека овие приватните пензиски фондови иако бележат интензивен раст се уште многу мали во споредба со зафаќањата и расходите на државниот ПИОМ кој сервисира околу 300.000 пензионери. Според официјалните податоци за првите десет месеци тој фонд исплатил за пензии 48,3 милијарди денари. Значи просечно месечно 4,83 милијарди денари. Значи тоа што досега со години го собрале и наголемиле приватните фондови државниот би го потрошил да исплати пензии за една година!!!

Само за потсетување, во структурата на исплати на државниот пензиски фонд за првите десет месеци годинава, придонесите за пензии од сегашните вработени за сегашните пензионери се 28,86 милијарди денари, а од буџетот се исплатени 48,26 милијарди денари. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи