Колку пари трошат Македонците на грепки и лото?
Објавено во: Економија 15 Септември, 2017 12:43
Приходите од продажба на државната Лотарија на Македонија, компанија што е најголем приредувач на игри на среќа во земјава, лани има приходи од продажба кои достигнаа безмалку до 3 милиони евра односно за лани изнесуваат 178 милиони денари. Многу е значајно тоа што нејзините приходи од продажба пораснале за 36 отсто во споредба со 2015 година кога изнесувале 130,8 милиони денари. Овој податок покажува колку е растечки бизнисот со приредување игри на среќа и дека Македонците сакаат да „си ја пробаат среќата“ и за гребат тикети и лозови.
Државната Лотарија на Македонија е компанија што е во целосна државна сопственост и со неа во својство на акционер раководи Владата на Република Македонија. Во август новата Влада ги смени досегашните членови на управниот и на Надзорниот одбор и постави нови членови во органите на управување. Нивните имиња може да ги прочитате на интернет страницата на Македонската берза на следниот линк.
Добивка за лани надмина половина милион евра!
Државната Лотарија лани оствари добивка од работење во износ од 33,3 милиони денари. Тоа е фантастично подобар резултат во споредба со претходната година кога компанијата остварила профит од 4,4 милиони денари. Тоа значи дека лани Лотарија ја зголемила добивката од работењето за 7,5 пати! Ова е резултат на огромното пазарно учество што оваа компанија го има на домашниот пазар на приредување игри на среќа.
Од структурата на добивката се гледа дека компанијата од работењето лани остварила оперативна добивка 12 милиони денари. Затоа што нејзините оперативни расходи за лани изнесуваат 166 милиони денари. Најголема расходна ставка на компанијата се услугите со карактер на материјални трошоци за кои на своите контрактори државната Лотарија платила 73,3 милиони денари.. Втор по големина расход се трошоците за 45 вработени кои изнесуваат 28,5 милиони денари, а ставката останати трошоци во која се агрегирари повеќе типови расходи изнесува 28,8 милиони денари. Билансот покажува дека финансиските приходи на компанијата се главен генератор на добивката. Од нив Лотарија лани има 21,13 милиони денари и тие создаваат 65 отсто од добивката на компанијата.
Просечна нето плата по вработен во Лотарија надминува 550 евра
Достапните официјални податоци покажуваат дека просечна плата во таа државна компанија е околу 600 евра. Лани за бруто плати на 45 вработени фирмата исплатила 28,5 милиони денари. Тоа е бруто годишен трошок по вработен просечно од 633.330 денари годишно. Со оглед на тоа дека придонесите по вработен се околу 30 отсто од бруто платата вработените во државната Лотарија на Македонија се платени солидно над државниот просек..
Од другите достапни податоци во извештајот на независните ревизори се гледа дека побарувањата од купувачите надминале половина милион евра и бележат огромен раст во споредба со 2015 година. Исто така драстично и драматично пораснал и износот на сомнителните и спорни побарувања кои достигнале лани 200.000 евра. Менаџментот на компанијата лани за спонзорства и репрезентации потрошил 50.000 евра, а во 2015 година нема трошоци по тој основ.
Р.Ф.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати
Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце
Милијардерите наследуваат рекордно ниво на богатство
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кој е 10 пати побогат по изборната победа на Трамп: Се работи за еден од наследниците, а еве од што се збогатува
Директорот на НИС им се обрати на вработените: Еве што се случува со продажбата на компанијата
Еден од клучните генератори на побарувачката за биткоин оваа година моментално е во големи проблеми
ДО КОГА МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ СРБИЈА? Вучиќ за ситуацијата со НИС: Сигурен сум дека Русите ќе се договорат
Планот на Нетфликс да го купи Ворнер Брос. ја фрла театарската индустрија во превирања





