27 Декември, 2024
0.0258

Колку вредеше „плејбојот“ Хју Хефнер пред да почине?

Објавено во: Стил 29 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Хју Хефнер, основачот на провокативниот магазин Плејбој неодамна почина на 91 годишна возраст и според првичните информации не оставил тестамент за тоа како ќе го подели точно богатството, додека пак со последната сопруга Кристал имал склучено строг предбрачен договор.

Според повеќе извори Хефнер пред да почине имал вкупна вредност од околу 43 милиони долари кои му биле сосема доволни за да живее удобно и луксузно во пензионерските денови, но тие пари се далеку од неговата некогашна моќ и богатство.

Причината за падот на нето вредноста на Хефнер е самиот магазин Плејбој кој со појавата на интернетот и веб сајтовите се читаше се помалку, продажбата постојано опаѓаше, додека пак бројот на реклами се намалуваше. 

Во 2015 беше донесена одлука повеќе да нема разголени насловни страни со цел да се прошири читателската публика но, набрзо ваквата стратегија беше напуштена. 

Плејбој магазинот на Хефнер во последните неколку години му носеше само по 100 илјади долари годишно.