27 Декември, 2024
0.0317

Колку вреди Оливер Андонов?

Еднодневниот министер го поднесе својот анкетен лист

Објавено во: Економија 25 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов до Антикорпуциската комисија го доставил својот анкетен лист за имотната состојба. Тој поседува стан во Скопје од 65 метри квадратни во вредност од 58.000 евра. Има и овошна градина во село Моране (Студеничани), која му вреди околу 10.000 евра. Од автомобили поседува стара Опел Корса и Форд Фокус. На функцијата доаѓа со заштеда во банка од 15.000 евра, а како хонорари ги пријавил приходите кои ги добивал од неговата професорска работа на МИТ Универзитетот од 3200 евра по семестар.

Во биографијата на интернет страната на МВР пишува дека Андонов е роден во Скопје во 1971 година, а живеел во Крива Паланка каде што завршил основно образование. Понатаму продолжува на средно Воено училиште во Сараево, нема конкретен податок каде дипломирал.

Работел во повеќе гарнизони во ЈНА и на повеќе работни места во македонските безбедносни структури. Има титула доктор на науки и имал изготвено две теренски истражувања.

Оливер Андонов пред да биде именуван за дополнителен заменик министер, неполни 24 часа беше министер за внатрешни работи. Дотогашниот Митко Чавков си поднесе оставка, но за да биде именуван на друга функција во МВР, мораше да биде назначен министер, бидејќи според Законот за полиција тој ги назначува функционерите во Владата. Па за „инстант“ министер беше избран токму Андонов, кој го именуваше Чавков за директор на Бирото за јавна безбедност.

При неговото именување за министер на први септември, премиерот Емил Димитриев го пофали дека е стручњак во областа на безбедноста, со искуство и во АРМ и во МВР.

-Професор на воената академија како и професор и на други високообразовни институции. Од неговата биографија може да се види дека целосната негова научна и професионална кариера е во сферата на одбраната и безбедноста. Моментално работи на воената академија. Сметам дека се работи за човек кој и покрај тоа што работел во МВР и со својот научен кредибилитет  и постигнувања во делот на безбедноста ќе даде максимум за што попрофесионално извршување на својата функција како министер за внатрешни работи, рече Димитриев.

Андонов дури и се фотографираше во кабинетот на министерот во МВР, а неговото име еден ден беше овековечено како министер за внатрешни работи. Следниот ден на таа позиција дојде Оливер Спасовски од СДСМ, а Андонов ја доби втората позиција како заменик министер.

Пред да биде избран за министер и заменик министер, Андонов беше еден од најгласните говорници во јавноста кои ги бранеа политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Тој пишуваше против СДСМ, СОРОС, Зоран Заев, а застануваше зад секоја владина одлука. Тој беше еден од најжестоките поборници на аболицијата на Претседателот Ѓорѓе Иванов на 56 политичари и нивни соработници. Колумните на Андонов се објавуваа на порталот Курир, а последната е со датум од 14 август со наслов „Некрофилија“. 

J.М.

Можеби ќе ве интересира

Зошто тој што купуваше сега ги продаде и кој ги купи акциите на „Македонијатурист“ за 2,7 милиони евра?

Зошто тој што купуваше сега ги продаде и кој ги купи акциите на „Македонијатурист“ за 2,7 милиони евра?

ИТНО СЕ ПОВЕКУВА ПРОИЗВОД НА ЗАРА ВО СРБИЈА: Постои ризик од повреди

ИТНО СЕ ПОВЕКУВА ПРОИЗВОД НА ЗАРА ВО СРБИЈА: Постои ризик од повреди

ПРАЗНИЧНА НЕДЕЛА ОДБЕЛЕЖАНА СО РАСТ: Дали е тоа показател како ќе се одвиваат јануари и февруари? Еве што вели извештајот од Волстрит

ПРАЗНИЧНА НЕДЕЛА ОДБЕЛЕЖАНА СО РАСТ: Дали е тоа показател како ќе се одвиваат јануари и февруари? Еве што вели извештајот од Волстрит

НОВОГОДИШНИ „ПАКЕТЧИЊА“ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО „МАКПЕТРОЛ“ - сите се офајдија со по 500 евра

НОВОГОДИШНИ „ПАКЕТЧИЊА“ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО „МАКПЕТРОЛ“ - сите се офајдија со по 500 евра

ПРОФИТОТ ИМ НАДМИНУВА ДВА МИЛИОНИ ЕВРА: Извршните директори на „Пекабеско“ во Бизнис муабети

ПРОФИТОТ ИМ НАДМИНУВА ДВА МИЛИОНИ ЕВРА: Извршните директори на „Пекабеско“ во Бизнис муабети

Во национален енергетски оператор се делат „министерски“ плати

Во национален енергетски оператор се делат „министерски“ плати

ДЕВЕТ БУКВИ ШТО МНОГУ МАКЕДОНЦИ ГИ „ЗАРАБОТИЛЕ“ ВО СТРАНСТВО: Еве го нивното значење

ДЕВЕТ БУКВИ ШТО МНОГУ МАКЕДОНЦИ ГИ „ЗАРАБОТИЛЕ“ ВО СТРАНСТВО: Еве го нивното значење

ОД ПРОБЛЕМАТИЧНО ДЕТСТВО, ДО ТЕХНОЛОШКИ ВИЗИОНЕР: Како семејната динамика го обликуваше Илон Маск

ОД ПРОБЛЕМАТИЧНО ДЕТСТВО, ДО ТЕХНОЛОШКИ ВИЗИОНЕР: Како семејната динамика го обликуваше Илон Маск

ДАЛИ ЌЕ СЕ УКИНЕ ОВАА ПРАКТИКА ВО АВИОНИТЕ? Патниците ширум светот се бесни, еве зошто

ДАЛИ ЌЕ СЕ УКИНЕ ОВАА ПРАКТИКА ВО АВИОНИТЕ? Патниците ширум светот се бесни, еве зошто