Комисијата едногласно прифати симнување на имунитетот на шест пратеници
Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2017
Едногласно Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања одобри симнување на имунитетот на шесте пратеници од редовите на ВМОР ДПМНЕ кои се во притвор поради терористичко здружување и закана за безбедноста.
Сега на потег е претседателот на Комисијата Павле Богоевски кој треба да го извести Собранието кое на пленарна седница ќе гласа за дефинитивна одлука.
За да им биде одземен имунитетот на пратениците потребно е просто мнозинство со 61 глас.
Да потсетиме дека судот побара одземање на имунитет за пратениците Крсто Муковски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски, Жаклина Пешевска, Јохан Тарчувловски и Љубен Арнаудов.