Котевски: Поразот на ВМРО ДПМНЕ не е причина за да ги вратиме мандатите
Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2017
„Нема причина зошто би ги враќале мандатите градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ кои победија и во вакви услови, бидејќи на тој начин само би му се помогнало на Заев и на СДС во узупрација на нивната волја и реализација на нивниот план за обезбедување на целосна власт и моќ за да може полесно да тргуваат со националните интереси“.
Ова е ставот на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Иво Котевски кој по непризнавањето на изборите од страна на лидерот Никола Груевски го дава за дел од медиумите.
Котевски посочува дека неговата партија е убедена дека вистинска проверка на рејтингот на партиите може да се покаже само на фер предвремени парламентарни избори а Груевски вчера не го призна поразот и обвини за бројни нерегуларности.