Кроација Осигурување/неживот донира намирници, лекови, средства за хигиена…за поплавените подрачја
Објавено во: Мои пари 11 Август, 2016
Кроација Осигурување/неживот, се вклучува во акцијата за помош на поплавените подрачја.
Активностите се поделени на два дела: донација од вработените, во облека, постелнини, средства за хигиена, средства за дезинфекција, средства за чистење, ќебиња и се што е неопходно за полесно пребродување на настраданите од поплавата.
Вториот дел од акцијата е целосно поддржан од компанијата и истата е во форма на донација од намирници и лекови кои се потребни за поплавените подрачја.
Од компанијата велат дека секојдневно се во контакт со волонтерите, кои неуморно доставуваат од врата на врата и активно учествуваат во расчистувањето на подрачјата.
Големо благодарам од цела Кроација, на тимот кој е посветен на оваа задача. Велат се надеваат и дека и нивниот скромен гест, ќе помогне во заедничката цел – најбрзо и најбезболно надминување на кризата.
За сите погодени од поплавите, за совет и консултации може да се обратат на steti@crosig.mk. Кроација осигурвање/неживот, ги повикува сите свои осигуреници и соработници да се приклучат кон акцијата и да помогнат за полесно надминување на овој немил настан.