Лавров: САД реши Македонија да влезе во НАТО, секој договор со Грција ќе го поддржиме
Објавено во: Свет 15 Јануари, 2018 12:05
Русија за прв пат по подолго време излезе со свој став за спорот меѓу Македонија и Грција велејќи преку министерот за надворешни работи Сергеј Лавров дека секој договор кој ќе биде постигнат ќе биде прифатлив за нив без да се мешаат.
„Во однос на ревитализирањето на напорите за решавање на проблемот за официјалното име на Македонија: овие напори беа долго во полузаспана состојба и се интензивираа дури тогаш, кога САД одлучија, дека Македонија треба да биде во НАТО...Суштината на она што се случува се надевам дека е разбирлива за сите: тука не станува збор за земање предвид на заедничките и специфичните карактеристики на два блиски народа, туку за тоа дека една од овие земји нужно мора да стане членка на НАТО ", рече Лавров.
На годишната конференција за новинари, рускиот министер за надворешни работи истакна дека спорот за името меѓу Македонија и Грција долго време бил во „полузаспана ситуација“ и оти сега заживеал дури откако САД одлучиле Македонија да влезе во НАТО. Лавров потсети дека Грција е веќе членка на НАТО и оти не ѝ е неопходно да прави отстапки, туку дека тоа треба да го стори Македонија, која се надева дека ќе влезе во Алијансата, пренесуваат руските новински агенции РИА Новости и ТАСС.
Одговарајќи на прашањето на еден грчки новинар, дали Русија ќе ја признае Македонија под ново име, ако тоа се прифати од двете страни, министерот одговори: „Кое било решение што ќе го изнајдат Македонија и Грција и кое ќе биде поткрепено во македонскиот устав, ние најверојатно ќе го прифатиме“, рече Лавров.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




