Лавров: САД сакаат џихадисти на власт во Сирија
Објавено во: Свет 30 Септември, 2016
Сергеј Лавров, министерот за надворешни работи на Русија, ги извади дипломатските ракавици и ја даде досега најжестоката изјава против ангажманот на САД на Блискиот исток обвинувајќи дека поставуваат диктатори и режими по своја мерка и планираат терористичката парамилитарна организација Ал Нусра да ја постават на власт во Сирија на местото на Башр ал Асад.
Во изјава за ББС Лавров посочи дека САД ја чува Ал Нусра како план Б и дека се уште не донел одлука да ги издвои џихадистите од сириските умерени бунтовнички сили, без оглед што досега дали десетина ветувања и уверување дека нештата ќе се променат.
САД од друга страна не ги слуша предупредувањата на Русија дека досега само џихадистите и терористите профитираат и најави дека можеби ќе ја прекине целосно соработката. Од овие игри најмногу страда цивилното население и во Алепо каде има жестоки битки жртвите се огромни.