01 Ноември, 2024
0.0330

ЛЕКОТ ШТО БЕШЕ ГОЛЕМА НАДЕЖ - ремдесивир не го „помина“ првото клуничко тестирање

Објавено во: Свет 24 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Ремдесивир, антивирусниот лек за кој се сметаше дека ќе може да се користи како третман за новиот коронавирус, не се покажа како успешен во првото клиничкото тестирање, јавуваат странските медиуми.

За овој лек светот многу се надеваше дека може да биде успешен во лекувањето на последиците од КОВИД-19. Таа надеж дури на крајот на минатата недекла значајно ги крена акциите на компанијата „Gilead“ што го произведува, но и на другите компании на светските берзи.

За жал, кинеското испитување покажа дека лекот не бил успешен, според нацрт-документите кои беа објавени случајно од Светската здравствена организација. Според нив, лекот не ја подобрил состојбата на пациентите, а не го намалил ниту присуството на патогенот во крвотокот.

Според извештајот, истражувачите испитувале 237 пациенти, од кои лекот го примиле 158 лица и биле споредувани со напредокот со останатите 79, кои добиле плацебо.

По еден месец, 13,9 отсто од пациентите кои го земале лекот починале во споредба со 12,8 отсто од оние кои примале плацебо. Процесот веднаш бил запрен поради несаканите ефекти.

Компанијата „Gilead“, која е производител на лекот ремдесивир, го оспори постот на СЗО. Нејзиниот портпарол изјавил дека „заради раното прекинување на студијата, поради малиот број на волонтери, не се добил доволен обем за да се овозможи да се извлечат статистички значајни заклучоци“. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ХАОС ВО ШПАНИЈА: Сепак Римската брана стара 2.000 години ги издржа поплавите

(ВИДЕО) ХАОС ВО ШПАНИЈА: Сепак Римската брана стара 2.000 години ги издржа поплавите

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ СНИМКА: Еве како надоаѓа поплавата во Валенсија

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ СНИМКА: Еве како надоаѓа поплавата во Валенсија

КАМИОНЏИЈА ОД БАЛКАНОТ СТАНА ХЕРОЈ ВО ШПАНИЈА: Со камионот туркаше автомобил заглавен во поплавена улица

КАМИОНЏИЈА ОД БАЛКАНОТ СТАНА ХЕРОЈ ВО ШПАНИЈА: Со камионот туркаше автомобил заглавен во поплавена улица

ПОЗНАТИОТ ИДУСТРИЈАЛЕЦ ГО ШОКИРАШЕ СЕМЕЈСТВОТО СО ТЕСТАМЕНТОТ: Еве колку им остави на најблиските, а кои доби речиси сѐ

ПОЗНАТИОТ ИДУСТРИЈАЛЕЦ ГО ШОКИРАШЕ СЕМЕЈСТВОТО СО ТЕСТАМЕНТОТ: Еве колку им остави на најблиските, а кои доби речиси сѐ

ГЕРМАНЦИТЕ СЕ БЕСНИ: поради реформата на данокот на недвижности, некои ќе платат и 60 пати повеќе

ГЕРМАНЦИТЕ СЕ БЕСНИ: поради реформата на данокот на недвижности, некои ќе платат и 60 пати повеќе

ТРАМП ЈА КАЧИ КАМПАЊАТА НА НОВО НИВО: Одржа последен митинг со ѓубреџиски елек во камион за ѓубре, во чест на Камала и Бајден

ТРАМП ЈА КАЧИ КАМПАЊАТА НА НОВО НИВО: Одржа последен митинг со ѓубреџиски елек во камион за ѓубре, во чест на Камала и Бајден

БЕШЕ КАКО ЦУНАМИ! Луѓе од покривите бараат помош, цели населби под вода - се стравува дека бројот на жртви е многу поголем

БЕШЕ КАКО ЦУНАМИ! Луѓе од покривите бараат помош, цели населби под вода - се стравува дека бројот на жртви е многу поголем

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ВО ШПАНИЈА: Мајка природа приреди катаклизмични сцени кои се гледаат само на филм

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ВО ШПАНИЈА: Мајка природа приреди катаклизмични сцени кои се гледаат само на филм

ПОСТОИ БЕЗБЕДНОСЕН РИЗИК: Нетанјаху бара синот да ја одложи венчавката

ПОСТОИ БЕЗБЕДНОСЕН РИЗИК: Нетанјаху бара синот да ја одложи венчавката