Лидерите во светската трговија во паника дека Трамп може да победи на изборите
Некои од присутните на средбата на СТО оваа недела се „тешеа“ дека популистот милијардер не може навистина да победи на изборите

Објавено во: Свет 01 Октомври, 2016 09:44
Соочени со изгледите следниот американски претседател да биде Доналд Трамп, кој вети дека ќе се откаже од сите трговски договори, да наметне тарифи на сојузниците и да излезе од Светската трговска организација (СТО), високи функционери во областа на трговијата од различни држави ги изразуваат своите грижи и стравови, пишува весникот Politico.
Некои од присутните на средбата на СТО оваа недела се „тешеа“ дека популистот милијардер не може навистина да победи на изборите: „Иако по „Брегзит“, ниедна можност не може да биде исклучена“, предупреди Џонатан Пил, член на Европскиот економски и социјален комитет.
Други истакнаа дека се сомневаат дека Трамп „навистина има предвид во она што го вели“ за трговските договори.
Трети пак се надеваа дека дури и да биде избран и да се обиде да ги исполни ветувањата кандидатот на републиканците ќе биде запрен од Конгресот, судовите или на друг начин. „Политиката треба да се основа на реалноста и ако бидеш избран не може да ја игнорираш реалноста.
- Дури ни Трамп не може, истакна висок функционер.
Можеби ќе ве интересира
ПУТИН ГО ПОСЕТИ КУРСК: Заробените украински војници ќе бидат третирани како терористи

TРАМП ГО СМЕНИ СТАВОТ: Никој нема да ги протера Палестинците од Газа

САМО СЕДУМ ДРЖАВИ ВО СВЕТОТ ИМААТ ЧИСТ ВОЗДУХ: Македонија ја нема таа привилегија

УКРАИНА ДЕМАНТИРА: Не е точно дека Суџа е во руски раце, се водат борби

ЛАВРОВ ГО КРИТИКУВАШЕ МАКРОН: Зошто Фон дер Лајен ја нарече „фирер“?

ОРУЖЈЕТО СТИГА ПРЕКУ ПОЛСКА: САД продолжија со испораката за Украина

СЕ ЈАВИ ЗЕЛЕНСКИ: Дали ќе ги признаат окупираните територии како руски?

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ СЕ ПОВЛЕКУВААТ: Русите ја вратија контролата врз важен град

Вработените во УСАИД добија нови инструкции - наредено им е да уништат и изгорат доверливи документи
