28 Март, 2017
0.5471
    ALK 5700.04    0%     ALKB 18510    0%     BESK 11200    -1.76%     CEVI 865    2.98%     GRNT 680.28    0.04%     KMB 2800.75    -0.34%     MB 36300    0%     MPT 27500    -0.58%     MTUR 3518.35    0.75%     OHB 4900    -1.01%     REPL 44000    2.33%     RMDEN15 95    0%     SBT 1281.8    0.06%     STB 893.89    -0.68%     STIL 75    0%     TEL 250    -1.96%     TETE 1100    6.69%     TNB 10900    0.93%     TPLF 900    -2.17%     TTK 758    -2.94%

Лидерот ја игра последната партија покер со народот

Објавено во: Македонија, Колумни 20 Март, 2017

Одамна е познато дека криминалците се секогаш еден чекор пред силите што се борат против криминалот. Меѓутоа, кога криминалот го вршат луѓе од врвовите на власта, кои успеале да ја узурпираат државата и да ја стават во функција на одбрана на осомничените  и оптужени за криминал, се чини како да се недостапни за правдата. Тие тужат и судат секого на кого ќе му се намерачат, а обвинителствата и судовите се слепи за нивните недела. Со нивна контрола на врвовите на целиот правосуден систем  го оневозможуваат и процесуирањето на кривичните постапки што ги покренува и СЈО, за чие формирање и самите се согласија. За остварување на таквата цел не се стеснуваат да ги „впрегнат“ дури и Претседателот на Републиката и Уставниот суд, вовлекувајќи ги во злосторничкото здружување како соучесници.

Кога не им се остварија желбите и надежите повторно да формираат влада и од таа позиција да го избегнат соочувањето со правдата, се впуштија во опасна игра. Без било каква правна основа за да го спречат формирањето на нова коалициона влада меѓу досегашните опозициони партии и албанските парламентарни партии со денови мобилизираат илјадници членови на партијата и друга клиентела да ја бранат Македонија. За таа цел ја искористија  Платформата на Албанците како „четиво“ со кое се загрозува унитарноста на државата, а тие што ја создале, според оптужените, не смеат да се најдат во владата. Наводно, тие ќе ја редефинираат државата, ќе ја трансформираат во бинационална или во федерална држава, а Македонците ќе ја изгубат државата.

Зад инфантилноста на овој пристап стојат интересите на осомничените и оптужените за криминал. Ним не им одговара мирниот трансфер на власта, се‘ додека можат, со манипулирање, уцени и поткуп, да ги заостаруваат тензиите меѓу Македонците и меѓу нив и Албанците. Се случува она што никој нормален не можеше да го претпостави. За да ја спаси сопствената кожа и на фамилијата, Груевски ја отпочна последната партија покер во која влог е народот, државата, а тој мора да се „вади“.  И тоа се вади на многу  валкан начин, гостува по медиуми, шири психоза и подбуцнува народ на улица, „државата ќе ја нема, ако дојде Заев на власт“, „единствено народот може да ја одбрани државата“, „ има многу народ на улици, но треба уште“.

А „бранителите“, од само ним познати причини, не се ни трудат да ги видат аргументите според кои со новата реформска власт се отвора процес на демократизирање на општеството и санкционирање на досегашниот невиден криминал, вршен од позиција на власт, во земјата. Тие не ни перципираат дека  новата власт, и кога би сакала, не може да ги оствари „опасните“ цели на албанските партии. Тоа ќе го спречи „револуционерната“ ВМРО-ДПМНЕ, од опозиција во Собранието. Бидејќи, без неа нема никакви одлуки за промена на уставното уредување, за што се потребни 2/3 од пратениците.  Да не зборуваме за глупостите за учење на албански јазик на целата територија на Републиката, за драконските казни на тие што нема да учат, за исчезнувањето на македонскиот јазик... 

Страшно е што дури и внуката на основоположникот на македонскиот јазик К.П.Мисирков не е доволно описменета да ја прочита Програмата на новата влада и да види дали е таа антимакедонска, па после да излезе да се спротивставува на нејзиното формирање. На „бранителите“ им е полесно да се гази Уставот отколку криминалците да се изведат на чистина и да ја понесат одговорноста за сторените недела. А не ги интересира дека со криминалци на чело, на земјата и‘ се затвораат патиштата за евроатланските интеграции, како основа за побрз развој.

На браникот на нивната одбрана со сиот „габарит“ стои и претседателот Иванов. И покрај сите укажувања на домашни експерти и странски партнери дека треба да му го предаде мандатот на Зоран Заев за да формира реформска влада, тој се прави на „тошо“ и многу загрижен за државата. Толку е загрижен што дури и со противуставно делување ќе ја штити, заборавајќи на предупредувањата и квалификациите дека недавањето на мандатот на коалицијата која има 61 потпис на пратеници во Собранието е акт на државен удар. 

И не дај боже, во расчистувањето на хаосот да дојде и до штети, па  и жртви. Одговорноста никако не ќе може да ја избегне. Вербално покажа дека не се плаши од Уставниот суд (бидејќи е „нивен“), но не ќе може да избегне меѓународен суд ако поради неговата антиуставна одлука дојде до несакани поголеми општествени хаварии. Власта која ја брани, не ќе може да го одбрани.Тоа не им успеа ни на Караџиќ, ни на Милошевиќ. Впрочем, кога меѓународниот фактор виде  дека забегаа, со „фино“ ги замолија да го потпишат Дејтонскиот договор, а потоа како „пилци“, полека, но сигурно ги стрпаа таму каде што им е местото. Значи, многу поголеми, меѓународни  политички „ѕверки“ не успеале да  побегнат од правдата, а не пак овие нашите, балкански хохштаплери.

 Очекувано е дека нашиве ќе пружаат отпор до крај, но проблемот е што времето почна да им се одбројува. Просторот за блефирање е стеснат, а картите се помалку ги служат. Може да се одложува „играта“, но не може да се спречи истата да заврши. Нова реформска влада ќе има. Во оваа смисла Претседателот треба што побрзо да ја изврши својата задача, почитувајќи го Уставот. Затоа што само така може  да се одбрани од несаканиот развој на настаните во земјата.

И Милошевиќ пред самиот крај на кариерата, беше посетуван од дипломатите со укажување да се „приземји“. Највпечатливи беа средбите со Холбрук чии тактики на преговори  во тоа време беа оквалификувани како „булдужер дипломатија“. Засега наш Хорхе, повеќе прима писма од дипломати. Во вторник повторно, за краток временски период го посетува Хан. Не сакам да вадам равенство, но добро е што зачестија средбите. Сигурно не се, за да го  прашаат како е! А со него и без него, политичкиот јазол ќе се разврзи, само прашање е на  време и на последици.

д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

Вооружени крадци одзедоа 120.000 евра од куќа во Арачиново

Вооружени крадци одзедоа 120.000 евра од куќа во Арачиново

Кој го пречека Груевски во Истанбул?

Кој го пречека Груевски во Истанбул?

Арифи ќе биде одлукувана со орден за заслуги од Франција

Арифи ќе биде одлукувана со орден за заслуги од Франција

Туфегџиќ вели дека Вељаноски го крши Деловникот

Туфегџиќ вели дека Вељаноски го крши Деловникот

Груби потврди дека приказните за кантонизација и бинационалност се измислици

Груби потврди дека приказните за кантонизација и бинационалност се измислици

Мухиќ вели дека не е можно ВМРО-ДПМНЕ повеќе да го сака народот од другите

Мухиќ вели дека не е можно ВМРО-ДПМНЕ повеќе да го сака народот од другите

Џеват Адеми: ВМРО-ДПМНЕ прифати се освен СЈО

Џеват Адеми: ВМРО-ДПМНЕ прифати се освен СЈО

СДСМ: Малата група криминалци предводена од Никола Груевски стравуваат за својата слобода

СДСМ: Малата група криминалци предводена од Никола Груевски стравуваат за својата слобода

Се степаа охриѓани и ја искршија двојазичната табла во ПИОМ

Се степаа охриѓани и ја искршија двојазичната табла во ПИОМ