Добивај вести на Viber
Министерот за трговија и телекомуникации, Расим Љајиќ најавува дека свои продавници во Србија ќе отворат германски Лидл и шведска Икеа.
ЊСосема извесно е дека Лидл, во следните две години ќе отвори 15 продавници од 2.000 квадратни метри во 15 градови. Очекувам дека Икеа својата прва голема продавница во Србија ќе ја отвори до крајот на следната година. Најважно е да се отстранат бирократски пречки на патот“, изјави Љајиќ.
Љајиќ рече дека државата треба да им помогне на бизнисмените кои имаат производи за извоз и дека обврска на Србија е да најде нови пазари, бидејќи има пад на побарувачката во ЕУ.
„Целта е да се извезува во Руската Федерација, Средниот Исток, Азија. Јас бев во Ирак, каде постојат огромни можности за нашите инженери и градежници, преговараме со Емиратите и сме заинтересирани за работа во Катар и Либија“, истакна Љајиќ.