Љубе Бошкоски: ВМРО ќе го вратиме на вистинските Вмровци
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2016
Љубе Бошкоски во активностите на коалицијата ВМРО за Македонија од Велес посочи дека нивна главна цел е по изборите да го вратат симболот ВМРО на вистинските Вмровци, а му даде поддршка на Стојанче Ангелов кој е носител на пратеничка листа во изборната единица 3.
- Македонија цели 25 години е држава во која треба да владеат демократијата, правдата и да се почитуваат човековите права. Но, по 25 години самостојна Македонија ние слободно можеме да констатираме дека во Македонија е комплетно напуштена идеологијата на ВМРО откако со Љупчо Ѓоргиевски ние кажавме за каква Македонија се бориме. За овие десет години во Македонија е инсталирана ЈугоМакедонија од страна на оние кои себеси се нарекуваат вмровци. Во овие 10 години Македонија почна да се гради со стар материјал, поточно удбаши и нивните наследници. Од таков материјал не може да се гради Република Македонија. Затоа оваа Коалиција сака да каже стоп на ЈугоМакедонија. Сакаме да живееме во демократска и суверена Македонија, рече Бошковски.