16 Декември, 2025
0.0493

Љупчо Арсовски: Заедничка Комисија за прочистување на иредентизмот е стара идеја со добра цел

Објавено во: Македонија 30 Септември, 2017 07:42

Добивај вести на Viber

Афирмација на идејата за заедничка Комисија од експерти за прочистување на иредентизмот од учебниците е еднострано ново грчко изненадување, иако е стара идеја. Како предлог е пласирана и 1996 година на мојата протоколарно-работна средба со тогашниот грчки министер за образование и религија Јоргос Папандреу. Тогаш, тоа се преточи во балканска форма во рамките на процесот за соработка меѓу земјите на ЈИЕ- вели за Фактор, Љупчо Арсовски, првиот амбасадор на Македонија во Грција.

Тогашна  задача според него  требало да биде  бришење или преформулација на разни изрази и зборови кои внесувале збунетост и лоша едукација кај младите поколенија на кои ќе им припадне Балканот.

Беа формирани комисии во неколку балкански земји и се разменија учебници по историја, но, и по географија. Но, до некој резултат од различни причини не дојде. Во денешниве услови  за младите особено ова ќе значи одбременување, релакс при комуникацијата од секаков вид, патувања, пријателства и сл. Таков позитивен приод доведува до зближување на народите од двете страни на која било граница и генерално за регионот”-вели Арсовски.

Поранешната власт во земјава, оценува поранешниот амбасадор,  цели десет години не направила исчекор за подобрување на комуникацијата меѓу двете земји, што значи изгубено време и можности.

Поранешниот министер за надворешни работи  имаше доволно време да направи исчекор како должност, обврска, задача пред граѓаните особено пред младата популација . Сметам дека десет години беа изгубени. Немаше речиси никави посети на министерско и друго ниво , немаше контакти, а некои беа само формални ( и јалови) средби на високи македонски функционери со нивни грчки колеги на маргините на разни конференции или со голема помош и притисок на ЕУ. Не сум во тек за кои мерки до сега зборувале и што е нотирано. Но, сепак знам дека основните мерки за доверба (цел список како NON PAPER и беше даден на грчката страна во времето на министерот за надворешни  Александар Димитров и Јоргос Папандреу. Честите промени на министрите и кај двете страни си го стори своето. Што се однесува за потребата од реципроцитет, тоа е природно и разбирливо кога се работи за две рамноправни страни”-  додава Арсовски.

По изјавата на грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, во интервју за грчката национална телевизија дека по изборите во Македонија ќе бидат појасни работите  но прво треба да се реши името, па потоа Македонија да се интегрира во НАТО и ЕУ, според амбасадорот Арсовски работите особено на меѓународен план се појасни токму за нив , кои се сеуште на старите позиции , сега уште поцврсти носпоред него ,,завиткани во целофан.

,,Суштината на преговорите околу еднострано наметнатото прашање се со сигурност само билатерален проблем, а никако меѓународен и така треба да го третираме. Впочем многу земји особено од ЕУ нагласуваат дека ова е билатерално прашање. На премиерско ниво во изминатите 11 години имаше средби , ама на туѓ терен, како притисок на ЕУ за да има ,,затоплување,,. После последните избори, македонската страна покажа добра волја, културен приод и со наша  иницијатива да се реализира првата средба на ниво на МНР во Атина и потоа во Скопје”- потенцира Арсовски.

Идната недела на 4 и 5-ти октомври во Солун се најавени   средби со министрите за надворешни работи на Македонија, Албанија и Бугарија. За вакви средби според поранешниот амбасадор Арсовски  треба добра подготовка, а засега грчката страна  како што вели покажува ,,позитивна агресивност,, иницијативи (како за учебниците) ама и и други контра изјави на министерот за надворешни работи Никос Козијас.

Но, да веруваме во чекор напред , кој македонската страна веќе го најави со повеќе активности. После договорите и позитивните изјави и ставови, треба да дојде и до конкретна реализација , дали соседите се подготвени на такви чекори. Лично верувам и покрај сложените сосотојби дека ќе имаме ЕУ иднина, пред која не чека мошне голема и сериозна домашна задача на полето на правосудството, медиумите и други области од витално значење кои треба да се реформираат и вратат на пругата која се вика Европа”- порачува првиот амбасадор на Македонија во Грција, Љупчо Арсовски. 

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“