ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ВТОР КРУГ: Каде ќе се кршат копјата на 29 октомври?
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2017 08:24
Во некои општини неизбежен е втор круг за да се реши кој ќе биде градоначалник.
На 29 октомври ќе се прегласува во 35 општини во кои ниту еден кандидат за градоначалник не доби потребно мнозинство од гласови.
14 се општините во кои СДСМ има предност, додека опозициската ВМРО ДПМНЕ со предност влегува во само 6 општини.
Резултатите кои не ги очекуваа многумина и донесоа победа на СДСМ, но сепак владеачката партија ќе мора да се бори во уште еден круг во 13 општини со противкандидат од редовите на ВМРО ДПМНЕ, додека една општина има кандидат за градоначланик од НДП.
Тесни битки во Штип и Чешиново-Облешево
Копјата СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во вториот круг ќе ги кршат во Штип каде кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Илчо Захариев има предност од 36 гласови. Во оваа општина можен е пресврт бидејќи ДИК регистрираше 800 неважечки ливчиња. Од СДСМ таму кандидат е Благој Бочварски.
Тесна разлика има и во Чешиново-Облешево. Само 39 гласови повеќе доби ВМРО ДПМНЕ во првиот круг.
Од албанскиот блок ДУИ предност има во 11 општини, додека Алијансата на Албанците и ДУП имаат предност само во по една општина, додека двајца независни кандидати ќе влезат со предност во вториот круг.
Кисела Вода, Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари, Виница и Градско, потоа Демир Капија Јегуновце, Карбинци, Македонска Каменица, Македонски Брод и Росоман, Старо Нагоричане и Чашка се општини каде СДСМ има предност.
Шестте оптшини каде води ВМРО ДПМНЕ се Штип, Чешиново - Облешево, Пробиштип. Новаци, Зрновци и Кавадарци.
Во Гостивар, Тетово, Чаир , Сарај, Теарце, Липово, Желино, Долнени, Дебар, Врапчиште, и Боговиње предност има ДУИ, а во Струга води Алијансата на Албанците.
ДПА води во Студеничани а назвисните кандидати се со предност ви Могила и Брвеница.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд
Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село
Жени од цела Македонија овде бараат лек за рожба: „Каменот на плодноста“ сместен во златната котлина крие исцелителна тајна
„КОЈ ЌЕ СЕ ИЗВИНУВА СЕГА?“: СДСМ обајви телефонски број од фирмата „Сити Аутсорсинг“ за кој тврди дека е на Томовски
Милошоски: Нема да има мигрантски кампови во Македонија
Кузеска: Никој не му дал право на Мицкоски да преговара за мигранти
ВИДЕО: Се отстрануваат билбордите од скопската Железничка
Ја затворил во стан, ја принудувал на секс и барал кокаин со закани дека ќе ја убие: Истрага и притвор за 29 годишник од Неготино





