Локалните избори тест за МВР
Објавено во: Македонија 25 Септември, 2017
Одговорноста која ќе ја имаат полицајците за време на изборите ќе биде тест за МВР и новиот министер Оливер Спасовски .
И покрај тоа што министерот денеска ги предупреди партиите да не ги злоупотребуваат полицајците во изборниот процес, сепак МВР ќе треба да докаже дека е институција за граѓаните а не на партиите.
Околу 9 000 полициски службеници ќе поминат низ обука на МВР и ОБСЕ како дел од активности кои се во насока на одржување на мирни, фер и демократски избори.
Министерот Спасовски ги потсети полицајците дека им е забрането да учествуваат во политички пропаганди бидејќи нивна задача е да им служат на граѓаните, а не на партиите.
Граѓаните пак слободно може да пријават секаков притисок од политички субјекти во МВР и токму овие случаи, како што посочи министерот ќе бидат приоритет за министерството.