18 Декември, 2025
0.0891

“ЛУКОИЛ Македонија” повторно прогласена за најдобра фирма-ќерка на Лукоил надвор од Русија

Објавено во: Мои пари 01 Август, 2014 19:00

Добивај вести на Viber

Групацијата „ЛУКОИЛ” - една од најголемите меѓународни нафтено-гасни компании ја прогласи компанијата „ЛУКОИЛ Македонија” за најдобрa компанија помеѓу своите фирми-ќерки кои оперираат во триесет земји од светот, надвор од Русија. Со решение на раководството на Компанијата „ОАД ЛУКОИЛ”,  ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје по вторпат се здоби со признание за „Најдобро претпријатие за 2013 година“. За изминатите 9 години, колку што „ЛУКОИЛ Македонија” постои на пазарот, ова е втора награда од ваков тип, со која се валоризираат успехот и достигнувањата во работењето, квалитетот на услугите,  проширувањето на мрежата и финансиските резултати. Првпат признание од ваков тип компанијата ЛУКОИЛ Македонија доби во 2011 година. Истата година компанијата ЛУКОИЛ Македонија ги пласираше на пазарот новите горива „ЕКТО“ од ЛУКОИЛ. „ЛУКОИЛ Македонија” го зголеми бројот на бензински станици во земјава и денес тој изнесува 26.  Ова е период кога стануваат видливи и впечатливи резултатите од повеќегодишниот труд во Македонија. Во досегашното работење во Македонија “ЛУКОИЛ” наметна нови и повисоки стандарди  на работа во нафтениот бизнис и во изградбата на бензинските станици, со што позитивно влијаеше врз промената на концепцијата и подобрување на конкуренцијата на пазарот, велат од компанијата. „Оваа награда за нас е комплимент но, и обврска да бидеме иновативни и подобри“, изјави по овој повод генералниот директор на “ЛУКОИЛ Македонија” Андреј Куку. Светскиот познат бренд  “ЛУКОИЛ”  - една од најголемите меѓународни нафтено - гасни компании, денес обезбедува 2,2% од светската нафта.

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?