Македонци учат германски за билет во еден правец
Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2016 09:05
Голем број македонски граѓани последниве години го изучуваат германскиот јазик, со цел да аплицираат за стипендии или да најдат работа во Германија, земја со најмоќната економија.
Ова го потврдуваат и од училиштата за странски јазици ширум Македонија. Оттаму велат бројот на луѓе кои посетуваат часови по германски расте. Додаваат дека ако порано јазикот се учеше од љубов, сега се учи од практични причини за обезбедување на подобар живот и работа во странство. Јазикот го учат луѓе од различни професии и студенти.
„Оваа година имаме сто луѓе на курс, исто колку и лани. Имаме меѓу нив студенти од медицина, фармација кои сакаат да заминат на доусовршување во Германија. Интерес имало и порано, но се смени целната група. Тогаш јазикот се учеше од желба, а сега од потреба“ – вели Маја Грунчевска од училиштето за странски јазици „Гете“ од Скопје.
И Тодор Димов од училиштето за странски јазици „Артелингва“ од Гевгелија, вели дека во градот последниве две години многумина учат германски баш заради вработување во Германија.
Весна Попова од „Германика“ од Штип објаснува дека имаат 150 луѓе од различни возрасти кои посетуваат курс по германски.
„Повеќе имаме возрасни ученици. Не се само од медицина, ги има и од архитектура, информатика. Целта им е да работат во Германија или да студираат. Имаме и деца од 6-7 години кои го учат јазикот, најверојатно за да заминат со родителите“ – рече Попова.
Во последните пет години над 20.000 македонски државјани се преселиле во Германија. Претежно се работи за млади луѓе кои не гледаат иднина во Македонија. Овој тренд расте од 2009 година наваму.
Од друга страна во медиумите често се среќаваат и податоци дека Германија има потреба од работна сила.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




