18 Декември, 2025
0.0546

Македонците од Торонто помогнаа за повторно печатење на весникот „Илинден“

Македонците во Албанија и дијаспората повторно ќе го имаат во раце весникот „Илинден“.

Објавено во: Македонија 22 Септември, 2016 08:59

Добивај вести на Viber

Eдинствениот печатен весник на македонски јазик во Албанија „Илинден“ почна повторно да излегува со финансиска поддршка од Македонците од Канада.

Повторното печатење на весникот го помогна Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) со седиште во Торонто. 

„Новиот број деновиве ќе се најде во рацете на Македонците низ цела Албанија, но ќе се дистрибуира и во дијаспората, секаде каде што живеат Македонци. Свесни сме дека, доколку не беше нивната финансиска поддршка, весникот „Илинден“ веќе ќе беше замрен засекогаш. Сакаме да веруваме дека примерот на ММДЧП ќе биде следен од други македонски организации од целиот свет. Финансиската помош ни дава можност и сила и во иднина достоинствено да ја продолжиме праведната борба за македонската национална кауза“ - вели за МИА Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник на весникот.

Тој наведува дека меѓу Македонците во Торонто наишле на искрени соработници и борци за македонското дело.

Весникот „Илинден“, кој го издава истоименото македонско друштво, првпат беше испечатено како двоброј за март и април, на 8 февруари 2011 година, но поради финансиски проблеми извесен период не се печатеше.

За пет години весникот предизвика голем интерес кај читателската публика во Република Албанија и меѓу македонската дијаспора ширум светот.


Можеби ќе ве интересира

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето