Македонски шуми, за службен ручек трошат и до 40.ооо денари
Објавено во: Економија 20 Декември, 2016 09:48
За морска риба „Шпигола“ – 5.040 денари, за ракчиња 3.200 денари, за лосос на скара 1.386 денари, за само едно вино „Лепово“ 2.500 денари, ракија, вода, сок, пиво, салати, сирење, пршута, лепчинња, туна , торти, апетисани, сладолед . За оваа сметка на направена на 16, јануари минатата година во јавното претпријатие „Македонски шуми“ платиле 14.516 денари.
Наташа Стојановска
Ракчиња, октопод, морски риби, шкапи, вино и по некое виски – ова било најчесто на менито на службените вечери платени од сметката на „Македонски шуми“. А најчесто се јадело во ресторанот „Џино“. Сметките за една службена вечера платени во овој ресторан достигнувале до 300 евра. Фактор открива дел од сметките, добиени со Закон за пристап до информации од јавен карактер за тоа што се било нарачувано и колку било плаќано.


Но, најголема поединечна сметка, била платени во охридскиот ресторан Билјанини извори.
Таму, за еден ручек организран на 29 јули минатата година „Македонски шуми“ потрошиле 650 евра. Од нив, дури 230 евра биле платени за пастрмката, а на крајот имало и торта и сладолед за што се платиле 60 евра. Судејќи според фискалната сметка, на овој ручек присуствувале триесетина луѓе.
Но, кога сметката стигнала во секторот финансии, оттаму барале да биде проверено, кој, зошто направил толкава сметка, и истата забелешка ја напишале на самата фактура. Сепак, според аналитичката картичка на претпријатето се констаира дека подоцна сметката била платена.

Можеби ќе ве интересира
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




