15 Јануари, 2025
0.0776

Македонскиот амбасадор во Вашингтон ги повика македонските државјани да се евакуираат поради Ирма

Објавено во: Македонија 09 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Македонскиот амбасадор во Вашингтон, Васко Наумовски,  преку својот Фејсбук профил ги повика македонските државјани во Флорида, доколку има препорака или наредба за евакуација, да се евакуираат во најкус можен рок. 

„Ураганот Ирма се очекува да ја погоди сојузната држава Флорида веќе во сабота. Ги молиме сите македонски државјани кои живеат во регионите за кои е најавено дека ќе бидат најсилно погодени од ураганот да ги следат насоките на локалните власти, и доколку постои препорака или наредба за евакуација, да се евакуираат во најкраток можен рок. Откако ураганот ќе пристигне, екипите за помош нема да бидат во можност веднаш да ви помогнат. Доколку престојувате во засолништата управувани од FEMA или друга државна агенција, ве молиме известете ги надлежните во соодветното засолниште дека сте македонски државјани, со цел да добиеме конкретни податоци за вашата состојба. Телефонскиот број за итни случаи за ураганот Ирма е: 1-800-342-3557. Со цел да го лоцирате најблиското засолниште до вашата местоположба, испратете смс порака со содржина "shelter" и вашиот поштенски број (zip code) на тел. број: 4-F-E-M-A или 4-3-3-6-2. Повеќе информации за засолништата, подготовките, препораките, достапното сместување и последните проекции за движењето на ураганот може да се најдат на:http://www.floridadisaster.org“- стои во информацијата за македонските државјани во Флорида.

Во неа се наведени контакт телефонските броеви во македонската амбасада во Вашингтон: 202-390-7418 (мобилен - 24 часа) и 202-667-0501 (фиксен)

Семејство од Штип се засолнило во подрумот на зградата во Филисбург за да се спаси од ураганот Ирма, кој завчера ги зафати Карибите. 

Станува збор за семејство со шест члена, а со нив е и мало дете на возраст од една година. Тие го преживеале ударот без сериозни повреди, но останаа без својот дом.

Штипјанката Билјана Шутева претходно на својот Фејсбук профил побара помош за да се извлечат живи и здрави штом ке се отвори аеродромот. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во шест министерства и две државни институции на протест, бараат за 30 отсто повисоки плати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во шест министерства и две државни институции на протест, бараат за 30 отсто повисоки плати

КОС КАЖА КОЈА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРВА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Што е со Македонија?

КОС КАЖА КОЈА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРВА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Што е со Македонија?

Левица: Со измените на законите би можеле да се вработат лица кои не направиле кривични дела само во последната година

Левица: Со измените на законите би можеле да се вработат лица кои не направиле кривични дела само во последната година

НА МЛАДАТА АНА И Е ПОТРЕБНА НАША ПОМОШ: да ја покажеме нашата хуманост, треба да замине на операција во Германија

НА МЛАДАТА АНА И Е ПОТРЕБНА НАША ПОМОШ: да ја покажеме нашата хуманост, треба да замине на операција во Германија

ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА БРЗАТА ПОМОШ: Дури 254 интервенции заради снегот

ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА БРЗАТА ПОМОШ: Дури 254 интервенции заради снегот

ЦАРИНИЦИТЕ СО БОГАТ ПЛЕН, НЕМА ШТО НЕМА ОД ШВЕРЦЕРИТЕ - еве какви сѐ досетки имале за да криумчарат стока

ЦАРИНИЦИТЕ СО БОГАТ ПЛЕН, НЕМА ШТО НЕМА ОД ШВЕРЦЕРИТЕ - еве какви сѐ досетки имале за да криумчарат стока

СУДИЈКА ОБВИНЕТА ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНА ИСПРАВА: Обвинение има и за сопственици на фирма од Велес

СУДИЈКА ОБВИНЕТА ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНА ИСПРАВА: Обвинение има и за сопственици на фирма од Велес

„СИТЕ ДИРЕКТОРИ ВО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ ГОДИНИ РАБОТЕЛЕ КРИМИНАЛНО“: Андоновски најавува кривични пријави

„СИТЕ ДИРЕКТОРИ ВО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ ГОДИНИ РАБОТЕЛЕ КРИМИНАЛНО“: Андоновски најавува кривични пријави

РЕВИЗОРИТЕ БАРААТ УСТАВНА НЕЗАВИСНОСТ – најавуваат засилени контроли, фокусот годинава ќе бидат локалните избори

РЕВИЗОРИТЕ БАРААТ УСТАВНА НЕЗАВИСНОСТ – најавуваат засилени контроли, фокусот годинава ќе бидат локалните избори