Македонските возачки реципрочно признаени во Косово, за во Германија ќе почекаме
Објавено во: Македонија 19 Јули, 2017 08:26
Со цел да се олесни движењето на граѓаните, Владата вчера го усвои Извештајот за извршени преговори меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за реципрочно признавање на возачки дозволи.
Со прифатениот усогласен текст на Договорот меѓу државите реципрочно се признаа возачките дозволи.
Според Владата ова олеснување ќе придонесе и за значително безбедноста на патниот сообраќај.
Македонија односно МВР, има склучено договори за реципрочно признавање на возачките дозволи со Италија, Шпанија, Албанија, Србија и Црна Гора.
Освен тоа врз основа на Виенска конвенција за патен сообраќај (1968 година) меѓусебно признавање на возачките дозволи има и со Бугарија, Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија, Кралство Белгија како и со Австрија (Б категорија).
За Германија ќе почекаме
Сепак македонските граѓани во Германија ќе почекаат да се усогласи билатералниот договор меѓу двете земји кој ќе им овозможи признавање на нивните матични возачки дозволи.
На вчерашната владина седница е кажано дека за воведување на реципрочно признавање на возачки дозволи во Германија во престојниот период ќе се земе предвид.
МВР пак неодамна соопшти дека е доставено барање за произнесување за реципрочно признавање на возачките дозволи согласно со Виенската конвенција до уште 29 држави, со кои се водат постапки за меѓусебно регулирање на оваа обврска.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




