Македонско - грчка комисија ќе ги „чисти“ учебниците од иредентистички изјави, мапи и текстови
Објавено во: Балкан 28 Септември, 2017
Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ, најави дека со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров се договориле да се формира заедничка македонско-грчка комисија од експерти кои ќе ги разгледуваат македонските учебници.
Ова ќе се направи со цел да се отстранат сите иредентистички изјави, мапи и
текстови. Коѕиас најавува дека идната недела на 4 и 5-ти октомври во
Солун ќе има средби со министрите за надворешни работи на Македонија, Албанија
и Бугарија.
Комисијата е како дел од мерките за градење доверба меѓу двете земји.
Коѕиас вели дека по изборите во Македонија ќе бидат појасни работите дали суштински ќе се преговара за спорот со името.
Тој уште еднаш порача дека прво треба да се реши името, па потоа Македонија да се интегрира во НАТО и ЕУ.