МАКЕДОНСКО СУДСТВО-НАРОДНА ГОЛГОТА: Паланчанец осуден на три месеци затвор оти украл 8 тегли ајвар
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2016
Долготрајни судски процеси, одложени постапки, укинати пресуди и повторно враќање на почетокот на голготата – години наназад проблеми со кои се соочува македонското судство.
Но, најболна точка од сето тоа е неправдата и нееднаквоста пред судот за обичните граѓани.
И додека се изнаслушавме како се местеле судски процеси, апсења, и се правеле криминали, за кои суд во државата изгледа воопшто не постои, Судот удри врз обичните граѓани за кои штедње нема.
Прост последен пример за погоренапишаното е осудата на жител од Крива Паланка за кражба на осум тегли домашен ајвар и слатко, како и за три шишиња сок.
Вест ја објави оваа сторија, а ја пренесоа поголемиот дел од медиумите, уште еднаш ги отвори небулозите на македонското судство.
За кривичното дело тешка кражба Паланчанецот Н.С. е осуден на казна затвор во траење од три месеци.
Казната е условна, тоа значи дека во следниот период паланчанецот ако направи исто или слично дело ќе мора да ја одлежи.
„Кражба си е кражба, а македонските закони и судии се ригорозни кога е во прашање правдата“, пишуваат пак провладините портали пренесувајќи ја оваа информација, но забораваат да споменат дека пред правдата сите треба да се еднакви.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.