Мала земја се подготвува за нуклеарен напад на Северна Кореја
Објавено во: Свет 27 Септември, 2017
Локалните власти им наредија на жителите да се подготват затоа што може да се изврши нуклеарен напад на Северна Кореја бидејќи односите се напнати.
Властите на Хаваи ги опоменаа граѓаните дека треба да се заштитат како што тоа го прават при ураган или цунами.
Републиканскиот пратеник Гене Вард вели дека не сака да крева паника, но луѓето треба да бидат подготвени.
На граѓаните им е кажано да направат залихи со сето она што им е потребно и тоа двојно повеќе од вообичаено.
Државата во ноември ќе тестира сирени кои на граѓаните ќе им дадат 12 до 15 минути време да се засолнат на сигурно.