24 Ноември, 2024
0.0324

Масовни огласи за вработување во администрација среде политичка криза и пред избори

Објавено во: Економија 06 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Раководители, референти, помлади соработници, курири- ова се само дел од работните позиции за кои се објавени огласи во неколку општини и државни институции. Овие огласи доаѓаат на речиси еден месец пред почетокот на изборната кампања за закажаните избори на 11-ти декември. Дел од правниците во овие нови вработувања препознаваат партиски трик.

„Ова е без сомнение последниот воз за партиски вработувања. Во услови на сиромаштија, во држава во која 80% од вработените примаат месечна плата која е пониска од просечната, која пак изнесува бедни 350 евра, вработувањето многу  му значи  на секој невработен. Поради тоа, без сомнение може да се очекува дека нововработените ќе бидат верни поддржувачи на владејачката гарнитура и дека на претсојните избори ќе гласаат за неа. Основна цел на власта во предизборието е да го зголеми, бројот на гласачи кои ќе гласаат за неа, да го зголеми  нејзиното гласачко тело. Но, Буџетот не може да го издржи огромниот број на вработени во администрацијата. Еден ден ќе "пукне"“, вели универзитетскиот професор Темелко Ристески.

Според податоците од веб страната на Агенцијата за администрација, во моментов има активни огласи за вработување на државни службеници во 14 општини. Така референти, раководители, помошници на раководители, помлади соработнци и друго, се бараат во општините Тетово, Македонска каменица, Кочани, Студеничани , Струмица,Радовиш Пехчево, Карпош, Кичево, Желино, Демир Хисар, Виница, Делчево и Битола. Најмногу отворени места односно 17 позиции има во општината Тетово. Платата што се нуди во огласите за вработување во општините се движи од 14.000 до 35.000 денари во зависност од позицијата. 

Освен во општините, активни огласи за вработување има и во дел од државните институции. Така Агенцијата за воздухопловство  бара вработување на двајца виши соработници за опасни материи.Понудената плата е 45.000 денари. Фондот за пензиско и инвалидско осигурување има обајвено оглас за вработување на двајца јавни службеници за работно место- советник лекар специјалист. Понудената плата за овој оглас 29.530 денари.

Јавен оглас за изразување на интерес има објавено Министерството за транспорт и врски. Се бараат тројца советници за во кабинетот на министерот.

Деновиве пак завршија огласите за вработување во неколку институции. Така во Министерството за труд и социјална политика беше објавен оглас за вработување на 30 лица. Во Министерството за одбрана имаше отворено 25 работни позиции, и дополнително беше објавен оглас за вработување на посебен советник за уметнички настани. Отворени огласи за врботувања имаше и во Јавното претпријатие Водовод и канализација, Дирекцијата за заштита и спасување, АРМ каде што беа отворени за вработување 25 работни позиции. Изминатиов период државната ЕЛЕМ имаше објавено пет огласи за вработување за различни позиции. И држвната МЕПСО имаше оглас за вработување на 4 лица. 

Како и зошто се полни адмнистрацијата ?

Кон крајот на 2014- та година беа објавени огласи за стотици вработувања во неколку министерства, меѓу кои, за труд и социјална политика, за финанасии, за образование. Во исто време оглас за вработување на 113 лица беше објавен и за позиции директно во Владата, потоа 180 вработувања во Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор.

Во април 2013 та година во адмнистрацијата се вработија 1.600 невработени, со образложение дека предност имаат оние од социјално ранливите категории. Тогаш Владата појасни дека станува збор за социјална мерка која треба да им помогне на граѓаните што се без работа. При тоа пред да се случат овие вработувања се спроведоа привремените вработувања на околку 4.000 илајди лица кои главно се распоредија во општините  и јавните претпријатија. Тогаш проценките беа дека овие вработувањ ќе го чинат Буџетот 1,5 милиони евра.

„Впрочем зголемувањето на бројот на вработени во администрацијата негативно се одразува и на висината на платите. Колку е поголем бројот на вработени, толку платите на административците ќе бидат пониски. Може да се очекува еден ден партиските вработувања да и се вратат  како бумеранг на владејачката гарнитура, затоа што ќе се  јави незадоволство кај вработентие поради ниските плати“, вели универзитетскиот професор Ристески.

Во ланскиот извештај за напредокот на земјава, Европската комисија посочи дека е добро што се спроведуваат новите законски решенија кои треба да значат обезбедување на  унифицирана, транспарентна и одговорна јавна администрација.Но, укажа дека и покрај реформите, сериозен проблем останува партизацијата на администрацијата и ниската доверба во независноста на државните институции поради перцепциите дека јавната администрација е политизирана и нетранспарентена.

До скоро во најголема тајна се држеше бројот на вработени во администрација. Во јавноста излезе информација дека 180.000 лица работат во јавниот сектор. Од друга страна на почетокот на годинава Министерството за информатичко општество и адмнистрација излезе со податок дека вкупниот број на вработени во јавниот сектор изнесува 127.139, и дека има намалување за речиси 1% во однос на јули 2015 година.

Ако се анализираат Буџетите во изминатите осум години може да се забележи дека сумата што се одвојува за плати и надоместоци од година во година расте. Така ко во 2008-та година за плати и надоместоци за администрацијата се потрошиле 373 милиони евра, догодина за истата намена се планирани 435,3 милиони евра.

Т.С

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?