Меџити: Имаме писмени докази, ВМРО ДПМНЕ прифати повеќе од двојазичност!
Објавено во: Македонија 07 Март, 2017 17:00
Нови тврдења произлегуваат од партијата на долгогодишниот коалиционен партнер на владеачката гарнитура во однос на платформата која стана сопка за состав на новата влада.
Овој пат градоначалникот на Чаир и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити тврди дека партијата на Никола Груевски прифатила двојазичност и многу повеќе отколку СДСМ и дека само СЈО било пречка за коалиција меѓу ДУИ И ВМРО ДПМНЕ.
Меџити ова тврдење во јавноста го пласираше преку емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат М . Тој тврди дека ВМРО–ДПМНЕ прифатиле и повеќе од тоа што првично се барало од страна на албанските партии, освен СЈО.
„ВМРО-ДПМНЕ прифати и двојазичност и казни за директорите на институции каде нема да се зборува албански. Се прифатија, само за СЈО не сакаа да слушнат! Затоа не ни успеа коалицијата со нив! И за ова имаме писмени докази“, рече Изет Меџити.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




