Меланија и Барон Трамп нема да се преселат во Белата куќа
Објавено во: Свет 20 Ноември, 2016
Потесното семејство на Доналд Трамп најверојатно нема да ја испочитува долгогодишната традиција и нема да се пресели да живее во Белата куќа, туку ќе продолжи да живее во резиденцијата на Трамп кулата.
Според американските медиуми главната причина е што Барон кој се уште е основец сака да го продолжи образованието во Њу Јорк, а неговата мајка е премногу приврзана со него, па затоа обврските како Прва Дама нема да ги врши од Вашинтгон.
Семејството Трамп сепак, ќе биде претставено во Белата куќа, па како сурогат Прва Дама најверојатно улогата ќе ја преземе неговата ќерка Иванка Трамп која веќе доби огромни критики од дипломатските експерти.