Мицкоски: Рекордна невработеност се постигнува со посветеност, а не со манипулации
Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2017 16:30
ВМРО-ДПМНЕ ги презема заслугите за новото намалување на невработеноста кое беше објавено според податоците на Државниот завод за статистика бидејќи е резултат на политиките спроведувани во изминатите години.
- Невработеноста падна на рекордно најниско ниво од и сега изнесува 22.9%. Тоа е резултат кој директно влијае на стандардот на граѓаните и постигнување од кое сите имаат корист. Тоа е разликата меѓу напорното работење на ВМРО-ДПМНЕ и деструктивните политики на СДС. Ваквите резултати не се постигнуваат со манипулации и креирање на лажни вести, туку со посветеност, знаење и работа. ВМРО-ДПМНЕ особено е горда на најновите податоци на Државниот завод за статистика кои говорат за невработеноста. Напорната работа, активните мерки за вработување, ниските даноци, политиката на странски инвестиции, поволната бизнис клима, оперативните планови на владата за вработување кои беа спроведувани изминативе години, придонесоа невработеноста да се намали на историски најниски 22.9%, смета Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски на партиската прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ посочи и дека од СДСМ се очекува истата посветеност за намалување на невработеноста и исполнување на ветувањата.
- Граѓаните и во иднина очекуваат мерки кои ќе го подобрат нивниот стандард, а не блокирање на проекти и најави за уривање и укинување. Граѓаните и во иднина очекуваат отворање на нови 64.000 работни места, просечна плата од 30.000 денари, минимална плата од 16.000 денари исто така во првата година, а докторите очекуваат плата од 100.000 денари. Граѓаните исто така очекуваат и стабилна економија и годишен раст комулативно секоја година од 5%. Ветувања кои се дадени од страна на новата влада предводена од СДС мора да се реализираат со роковите кои си ги зададоа како ветувањаа не да се релативизираат. Граѓаните немаат време за чекање и водење гола политика и гол популизам. Македонија се сака со дела, со многу работа и одрекувања, посочи Христијан Мицковски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




