Мицкоски: Во зависност од ситуацијата, ќе решиме што ќе правиме понатаму
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2017
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека следните чекори на ВМРО-ДПМНЕ и на нивните приврзаници кои протестираат пред Кривичниот суд поради притворањето на пратеници и на учесници во настаните во Собранието од 27 април, ќе зависат од развојот на настаните.
„Според сознанија од пред два часа, околу половина од приведените дале искази пред истражен судија и во зависност од ситуацијата, ќе решиме што ќе правиме понатаму. Имаме три-четири сценарија, но за тоа ќе видиме понатаму. Според тоа што ни го кажуваа луѓе од цела Македонија, се врши неверојатен притисок луѓето да не доаѓаат на протестот. Ние сега, околу 16.30 часот, очекуваме да ни се придружат многу поголем број на луѓе, а потоа од 19 часот да допатуваат уште и од другите места во Македонија“ – изјави Мицкоски, објави Мета.
Полицијата утрово приведе 36 лица за учество во насилствата во Собранието на 27 април годинава, меѓу кои и тројца пратеници.