Милчин вербално малтретиран, Фрчковски му влепил шамар на провокаторот
Објавено во: Македонија 03 Март, 2017 16:34
Професорот Љубомир Фрчковски открива дека денеска му пришле провокатори кои започнале вербално да го напаѓаат по што тој на еден од нив му врзал шлаканица. Провокаторите кои го навредувале дека е предавник потоа побегнале.
Слични провокации претрпел и режисерот Владимир Милчин на кого вербално му се заканувале.
- Момчето седеше на клупа пред куќата во која живееме. Немаше капа. Држеше телефон. Андроид. Кога Ема и јас излеговме, стана и ми се обрати: Господине Милчин, зошто не му се придружите на македонскиот народ на протестите? Му одговорив дека не одам со тие кои тепаат новинари.
На тоа тој изговори антологиска реченица: МОМЕНТАЛНО НЕ ТЕПАМЕ! Тоа беше вчера, малку пред инцидентот кога момче со капа го плукнало Борјан. Момчето без капа пред нашата куќа изговори и нешто како прашање дали не му се придружувам на македонскиот народ зашто си седам дома и ги бројам парите од Сорос. Звучеше нервозно и неуверливо, папагалски повторуваше научени реплики.
Изутринава на истата клупа седеше друг. Со капа. И тој имаше телефон. Андроид. Телефонираше, па се шуткаше, па пак телефонираше. Па стана и отиде до големата улица. Таму му се придружија момче и девојка кои си постојаа со него, па ги снема. Момчето со капа остана, загледан кон куќата од која очекуваше да излезам. Потоа, виде не виде, го снема…, напиша Милчин на својот Фејсбук профил.
Вчера новинарот Борјан Јовановски беше плукнат додека седеше во еден скопски ресторан, а инцидентот беше снимен од придружник на напаѓачот и потоа споделуван од провладините поддржувачи кои коментираа дека тоа било малку и ќе следеле нови напади и провокации врз сите наводни предавници. На протестот на „За заедничка Македонија“ беше претепана новинарската екипа на А1 он.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




