Миленко се спаси: Динко бил задржан на границата со Македонија
„Ловецот на бегалци“, Динко В’лев е запрен на македонската граница откако се обидел да пренесе спомен плоча, слична на онаа која беше искршена од македонскиот водител, Миленко Неделковски
Објавено во: Македонија 29 Септември, 2016
Динко В’лев, од Јамбол, кој е познат како „ловец на бегалци“, бил задржан на бугарско-македонската граница, соопшти бугарска Нова. Тој се обидел да пренесе спомен плоча, слична на онаа која беше искршена од македонскиот водител, Миленко Неделковски. Тој, сепак, бил запрен од граничните полицајци и сеуште се наоѓа таму.
Неделковски денеска имаше интервју за истата телевизија каде сподели дека Бугарите си дозволиле да стават спомен плоча на македонска територија, а не на грчка. Тој праша и зошто Бугарија не побарала законски дозвола за ставање на споменикот.
„Бугарите се како кучиња, кои сакаат да бележат територијата како кучиња - од дрво на дрво“, беше коментарот на водителот пред Нова телевизија.