ММФ препорачува - Помалку субвенции, повисоки даноци за Македонија
Објавено во: Економија 23 Ноември, 2017 09:36
Меѓународниот монетарен фонд во анализата за Македонија препорачува да се зголеми старосната граница за пензионирање со цел да се олесни притисокот врз Фондот за пензиско и инвалидско осигурување кој се пополнува со буџетски средства, да се зголемат одредени даноци, како и да се ограничи растот на минималната плата кој треба да соодвествува со продуктивноста.
ММФ, во извештајот за Македонија објавен вчера, сугерира веднаш да се почне со консолидација на фискалната политика со мерки на страната на приходите, но и на страната на расходите, како и да се зголемат даноците на горива и на имот за сметка на високите државни субвенции.
Покрај зголемените даноци, ММФ препорачува поефикасна наплата на данокот на додадена вредност, за која што ММФ вели дека е пониска од земјите во регионот на Западен Балкан, како и намалување на нетаргетираните субвенции, посебно во земјоделскиот сектор.
„Фискалната експанзија во изминативе години беше придружувана со повисоки пензии и субвенции. Консолидацијата треба да почне без одлагање, преку поефикасно собирање на ДДВ, рационализација на субвенциите, пензиски реформи и повисоки даноци на горива и имот. Овие мерки ќе осигураат фискална одржливост и ќе помогнат да се обезбедат големите инвестициски потреби во инфраструктура и човечки капитал“, се вели во извештајот на ММФ.
За монетарната политика, ММФ вели дека засега е соодветна, но ќе биде потребно затегнување ако инфлацијата почне да расте рапидно. Финансискиот сектор, според ММФ, е добро капитализиран, ликвиден и профитабилен.
ММФ предвидува раст на БДП од 1,9 отсто за 2017 година, 3,2 отсто за следната година и 3,8 отсто на среден рок.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година




