МНР: За да дојдеме до решение ќе биде нужна добра волја и од другата страна
Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2018 15:17
Од Министерството за надворешни работи велат дека јавното соопштување на крајните позиции го намалува просторот за разговори.
„Од наша страна има добра волја за заемно прифатливо решение кое ќе ги почитува интересите, достоинството и идентитетот на двата народа. За да дојдеме до решение ќе биде нужна добра волја и од другата страна“- велат од МНР.
Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас синоќа во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ најави дека Грција во февруари ќе ѝ достави на Македонија спогодба во четири точки, што според Атина треба да биде основата за решавање на прашањето за името и отворање на патот на Македонија кон НАТО и ЕУ.
Медијаторот Метју Нимиц денеска од Атина порача дека чекањето нема смисла и дека сега е момент да се реши спорот.
Од сите страни стигнуваат охрабрувачки тонови и оптимизам дека сега е време да се реши спорот за името.
Грчките медиуми скоро месец дена шпекулираат со можните имиња.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




