Момировски: За да го урне ВМРО-ДПМНЕ, Заев отиде во авантура со платформата
Објавено во: Македонија 05 Март, 2017 10:40
Новинарот Горан Момировски кој пишува жестоки колумни против СДСМ смета дека нивното однесување е надвор од политичките норми во Македонија бидејќи станува збор за непринципиелен договор со албанските платформи кој нема да донесе стабилност на подолг рок без оглед што сакаат да ја сменат власта на Груевски.
- Во обид да се урне Владата на ВМРО-ДПМНЕ, да се урне ВМРО како партија Заев отиде во „авантура“ со албанската платформа. Заев ја прифатил платформата, иако сега негира дека воопшто е договорено нешто кое е надвор од Уставот, вели Горан Момировски за ТВ Нова.
- Според мене, и само да е договорено надвор од моралните политички начела што владејат е голем проблем. Не можете да одите надвор од тоа што е воспоставено правило, макар, и вообичаено правило во државата, не можете да ја продавате историјата и идентитетот на Македонија заради тоа што вие имате силна желба”, посочи Момировски, и додаде дека дури и да сте во право, за да урнете некоја власт затоа што сметате дека е штетна е неприфатливо.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




