28 Март, 2024
0.0260

Можат ли Мицкоски и новиот ИК да го одржат Груевски на чело на ДПМНЕ?

Објавено во: Колумни 01 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Фактор уште пред неколку месеци успешно прогнозираше дека Христијан Мицкоски ќе биде еден од новите фронтмени на ВМРО-ДПМНЕ и тоа се оствари со неговото поставување на функцијата генерален секретар на партијата. Пред тоа имаше и похрабри предвидувања во домашната јавност дека апетитите на Мискоски се многу поголеми и дека тој ја „мерка“ лидерската позиција на ВМРО-ДПМНЕ, но сепак се уште не е доволно моќен и „докажан“ за да го смени „гранитниот“ Груевски. Мицкоски како директор на државното претпријатие ЕЛЕМ имаше можност да управува со огромни буџети и да стекне големо влијание на домашната сцена, но неговиот „вмровски“ углед треба допрва да се гради. 

Мицкоски барем досега не одговараше на типичниот профил на партиски функционер бидејќи поретко се вмешуваше во дневната политика, но токму сега од него ќе се чекаат таков вид на активности. Сепак, и со неговото назначување како и изборот на нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не се остави голем впечаток во јавноста дека ете токму сега партијата доволно се реформирала откако по 11 години на власт прејде во опозиција. 

- ВМРО-ДПМНЕ е партија која што има илјадници членови, со сопствен човечки потенцијал, луѓе кои што имаат сериозна трага во нивниот деловен, професионален и социјален аспект на делување во Република Македонија. Од тука ние го влечеме својот кадровски потенцијал, нормално тоа е менлива категорија, членовите на ИК често ротираат, така што во овој момент овој состав на ИК на партијата носи порака на нови луѓе, нови идеи, свежи идеи кои што ќе претстојат во периодот кој ќе следува. Периодот кој што следува, ни следуваат локални избори, партијата нормално се организира, изјави Мицкоски во едно од своите први интервјуа откако стана „генсек“ на ДПМНЕ.

Во повеќе анализи на Фактор досега сме потенцирале дека локалните избори ќе бидат да се биде или не за Никола Груевски. Секако, и „новото“ партиско раководство ќе биде ставено под притисок да оствари позитивен резултат кој ќе значи ново изборно легитимирање на оштетениот углед на ВМРО-ДПМНЕ. Груевски се надева на освојување што повеќе градоначалнички мандати за потоа да врши притисок за брзо парламентарни избори и на тој начин да си ја гарантира својата позиција. 

- Континуирано сме на терен, континуирано разговараме со граѓаните, ги перцепираме нивните очекувања и врз основа на тие очекувања ќе испрофилираме луѓе кој ќе излезат како победници во општините во кој што ќе ги кандидираме. Секако паралелен процес е и процесот на анкетирање. Во овој момент не би можел да кажам околу имињата ништо посебно, бидејќи овој процес на анализа се уште трае и внатрепартиски, но и според анкетите, така што многу скоро ќе почнат првите имиња да излегуваат, изјави Мицкоски за претстојните избори.

Во истата анализа во која предвидовме дека Мицкоски ќе биде на висока партиска функција исто така ја претставивме и втората теорија дека можен наследник на Груевски е Антонио Милошоски кој според неофицијални партиски извори добил поддршка од ЦДУ на Меркел поради неговите германски конекции. Во случај на пораз на ВМРО-ДПМНЕ Милошовски би го наследил Груевски, а дури тогаш би следеле позначајни промени во самата партија. 

Изборот на новите членови на ИК и генсекот беа критикувани и од групата на реформатори во ВМРО-ДПМНЕ бидејќи голем дел од кандидатите според нив претходно дошле од други партии. Големото провретрување и освежување на партијата кое самиот Груевски го вети по изборите и особено откако СДСМ формираше влада како да не се оствари целосно и постои незадоволство за дел од новите кадри.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ЗА (НЕ)ПРИМЕНАТА НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ

ЗА (НЕ)ПРИМЕНАТА НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?