20 Декември, 2025
0.0583

Може ли ВВ Тиквеш да „наздрави“ со квартална стагнација на извозот?

Објавено во: Економија 17 Мај, 2017 08:15

Добивај вести на Viber

ВВ Тиквеш АД Скопје го зголеми присуството на домашниот пазар и повторно успеа да оствари позитивен прв квартал од годината со вкупна оданочена добивка од 15.785.000 денари, што е за 3 милиони денари подобар резултат во однос на истиот период лани. ВВ Тиквеш АД Скопје единствено стагнира на странскиот пазар каде има за нијанса помала продажба од лани која сега изнесува 93,9 милиони денари. 

- Бруто добивката за првото тромесечие од 2017 година достигна 105,7 мил. денари, што е на релативно исто ниво како и во 2016 година. Остварената бруто добивка е резултат на зголемените вкупни приходи од продажба кои забележаа раст од 17,3 мил. денари односно зголемување за 7%, посочуваат од ВВ Тиквеш преку образложението објавено на Македонска берза.

Истовремено трошоците за продадени производи и услуги, маркетинг, административни трошоци, за суровини и други материјали, за вработени и услугите со карактер на материјални трошоци се во благ пораст.

Клучната разлика ВВ Тиквеш покрај зголемената продажба ја прави кај намалувањето на финансиските расходи и тоа најмногу во делот на расходи по основ на камати, курсни разлики и слични расходи кои во К1 2017 изнесуваат 11,9 милиони денари или за околу 3 милиони денари помалку во однос на истиот квартал лани.

- Оперативната добивка е зголемена за 10%, односно за 2,8 мил. денари, како ефект на оптимизирањето на оперативните приходи и расходи соодветно на продажбата. Како резултат на зголемената оперативна добивка и пониските финансиски расходи остварена е добивка од редовно работење од 20 мил. денари, што претставува зголемување за 5,8 мил. денари, велат од ВВ Тиквеш. 

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба