13 Мај, 2024
0.0248

Можете и Вие! – мотото под кое е лансирана новата локална кампања на Универзитетот Шефилд

Објавено во: Мои пари 28 Април, 2014

Добивај вести на Viber

СИТИ Колеџ, Mеѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, ја започна кампањата „Можете и Вие!“. Посебноста на кампањата е што експонира успешни дипломци од Република Македонија, прикажувајќи го нивниот просперитет како резултат на стекнатото образование. http://www.youtube.com/watch?v=dfOW5RhYkHw Кампањата „Можете и Вие!“ се обраќа на сите што имаат амбиција да го стекнат своето образование на еден од најпрестижните универзитети во светот и со тоа да изградат професионална кариера. http://www.youtube.com/watch?v=0c1YBehMXjM Како дел од оваа кампања се презентирани успешните приказни на неколку дипломци од Република Македонија, меѓу кои: Драгана Чифлиганец како маркетинг директор, Александар Манев како косопственик на медиум, Димитар Никушев како извршен директор и Филип Лунески како менаџер на категорија производи.
„Концептот на кампањата е тесно поврзан со искуствата на успешните дипломци од Универзитетот Шефилд во Република Македонија, кои што ги има повеќе од 850 на број. Во кампањата тие директно ги експонираат нивните постигнувања и успесите на компаниите во кои што работат, со цел да се потенцираат предностите што ги нуди една едукативна институција како што е Универзитетот Шефилд. Сето тоа е проследено со визуелизација на кампусот и студентскиот живот, слика што ја прикажува универзитетската реалност во сета своја мера“, изјави Марија Никовска, од регионалната канцеларија на Универзитетот Шефилд во Скопје.
Универзитетот Шефилд е престижна образовна институција, рангирана во рамките на „Топ 100 универзитети во светот" и меѓу „Топ 10 универзитети во Велика Британија за истражувачка моќ". Според QS ранг листата за 2013 година, Универзитетот Шефилд се наоѓа на 71-та позиција во светот и на 25-тата во Европа. Припаѓа на 1% од „Најдобрите универзитети во светот" и е прогласен за „Универзитет на годината 2011-2012" од страна на TimesHigherEducation. Универзитетот Шефилд има 6 академски факултети; пет факултети се наоѓаат во Велика Британија, а СИТИ Колеџот е 6-тиот, Меѓународен факултет кој се наоѓа во Солун. http://www.youtube.com/watch?v=Ovi9PQjbuFk

Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН