Можете и Вие! – мотото под кое е лансирана новата локална кампања на Универзитетот Шефилд
Објавено во: Мои пари 28 Април, 2014
„Концептот на кампањата е тесно поврзан со искуствата на успешните дипломци од Универзитетот Шефилд во Република Македонија, кои што ги има повеќе од 850 на број. Во кампањата тие директно ги експонираат нивните постигнувања и успесите на компаниите во кои што работат, со цел да се потенцираат предностите што ги нуди една едукативна институција како што е Универзитетот Шефилд. Сето тоа е проследено со визуелизација на кампусот и студентскиот живот, слика што ја прикажува универзитетската реалност во сета своја мера“, изјави Марија Никовска, од регионалната канцеларија на Универзитетот Шефилд во Скопје.Универзитетот Шефилд е престижна образовна институција, рангирана во рамките на „Топ 100 универзитети во светот" и меѓу „Топ 10 универзитети во Велика Британија за истражувачка моќ". Според QS ранг листата за 2013 година, Универзитетот Шефилд се наоѓа на 71-та позиција во светот и на 25-тата во Европа. Припаѓа на 1% од „Најдобрите универзитети во светот" и е прогласен за „Универзитет на годината 2011-2012" од страна на TimesHigherEducation. Универзитетот Шефилд има 6 академски факултети; пет факултети се наоѓаат во Велика Британија, а СИТИ Колеџот е 6-тиот, Меѓународен факултет кој се наоѓа во Солун. http://www.youtube.com/watch?v=Ovi9PQjbuFk