04 Јуни, 2024
0.0252

МРТВ годинава ќе потроши 7 милиони евра повеќе од лани!

Објавено во: Економија 09 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Годинава е силен предизвик за Македонската радио-телевизија, која со значително зголемен буџет планира силна внатрешна реформа и преобразба во модерен јавен сервис. Со вкупен буџет од 27,7 милиони евра ( 7 милиони евра повеќе од лани) се најавува зголемена продукција на сопствена програма, дигитализација на јавниот сервис и инвестиции во опрема со цел подобрување на информативната програма. Соња Јованова Наумовска Вкупно 16,5 милиони евра приход ќе има јавниот сервис од радиодифузна такса годинава и тоа е само половина од буџетот кој и е на располагање на МРТ за 2013 година. Според финансискиот план на јавното претпријатие доставен до Собранието, јавниот сервис од Владата планира да добие и финансиска поддршка за редовно работење од близу 4 милиони евра, а исто толку пари од државниот Буџет ќе се одвојат за продолжување на процесот на дигитализација. Владата ќе и префрли на МРТ дополнителни 1,7 милиони евра за реализација на телевизиската и радиопрограмата за иселениците, при што само за закуп на сателитскиот сегмент ќе се потрошат 1,4 милиони евра. Останатите приходи Македонската радио телевизија планира да го обезбеди од реклами, закуп на недвижен простор и сл. Па така, од продажба на рекламен простор МРТ планира да прибере 1,3 милиони евра,  што е двојно повеќе од минатата година и што во главно се должи на зголемениот процент на рекламен простор што го доби МРТ со измените на Законот за радиодифузна дејност од лани. МРТ најавува штедење ама ќе потроши повеќе од лани?! Иако во финансискиот план на МРТ пишува дека годинава јавниот сервис ќе води рестриктивна и штедлива политика, сепак  расходната ставка во финансискиот план годинава е за 5,6 милиони евра поголема од лани и изнесува 26,5 милиони евра. Трошоци се планирани за  подобрување на програмската шема, за дигитализацијата и подмирување на долговите на МРТ. Вкупно 4,4 милиони евра се наменети за откуп на програмски права, 2,8 милиони евра за програмски трошоци, од кои најголем дел отпаѓа на сопствена продукција и копродукции но и 5,4 милиони евра за трошоци за вработените во кои освен бруто платите опфатени се и трошоците за дописниците кои известуваат од Вашингтон, Брисел и Атина. За службени патувања во земјата и странство МРТ планира да потроши 183 илјади евра. Според инвестиционата програма на МРТ за годинава планирано е купување на нови камери, линкови, транспортни возила и други  дополнителни инвестиции за што ќе се одвојат 5,7 милиони евра.  

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кој е кој во фаст фуд бизнисот во Македонија?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кој е кој во фаст фуд бизнисот во Македонија?

ХОТЕЛИТЕ КАКО ЗЛАТНА КОКОШКА, ЈАГМА ЗА АКЦИИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - кој вчера плати 300 илјади евра за акции на компанијата

ХОТЕЛИТЕ КАКО ЗЛАТНА КОКОШКА, ЈАГМА ЗА АКЦИИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - кој вчера плати 300 илјади евра за акции на компанијата

ЗАКАЖАА ОДМОР, А АГЕНЦИЈАТА ОДИ ВО СТЕЧАЈ: 11.000 вработени на работ, ниту милиони евра од Владата не помагаат

ЗАКАЖАА ОДМОР, А АГЕНЦИЈАТА ОДИ ВО СТЕЧАЈ: 11.000 вработени на работ, ниту милиони евра од Владата не помагаат

ГОЛЕМИОТ ЗАГУБАРСКИ БУНАР ОСТАНУВА НЕПОКРИЕН - што да прави некогашниот скопски бисер со ланскиот минус од 460 илјади евра

ГОЛЕМИОТ ЗАГУБАРСКИ БУНАР ОСТАНУВА НЕПОКРИЕН - што да прави некогашниот скопски бисер со ланскиот минус од 460 илјади евра

Изборот на претседател на Уставен суд „заглави“ – низа иницијативи чекаат да бидат разгледани, а граѓаните и фирмите трпат штети

Изборот на претседател на Уставен суд „заглави“ – низа иницијативи чекаат да бидат разгледани, а граѓаните и фирмите трпат штети

ИНФЛАЦИЈАТА ВО ТУРЦИЈА НАДМИНА 75 ОТСТО: Се очекува за неколку месеци да биде под 50 отсто

ИНФЛАЦИЈАТА ВО ТУРЦИЈА НАДМИНА 75 ОТСТО: Се очекува за неколку месеци да биде под 50 отсто

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ЧИИ СТАРТАП ВРЕДИ ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ - Никола Мркшиќ раскажа како се прави моќна фирма

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ЧИИ СТАРТАП ВРЕДИ ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ - Никола Мркшиќ раскажа како се прави моќна фирма

ПОТРОШУВАЧКАТА НА ДОМАЌИНСТВАТА СЕ ЗГОЛЕМИЛА: Колкав е растот на БДП во првиот квартал?

ПОТРОШУВАЧКАТА НА ДОМАЌИНСТВАТА СЕ ЗГОЛЕМИЛА: Колкав е растот на БДП во првиот квартал?

ЦЕНИТЕ НА БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛОТ МИНИМАЛНО СЕ НАМАЛУВААТ - еве по која цена ќе се продаваат по полноќ

ЦЕНИТЕ НА БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛОТ МИНИМАЛНО СЕ НАМАЛУВААТ - еве по која цена ќе се продаваат по полноќ