18 Декември, 2025
0.0695

МРТВ годинава ќе потроши 7 милиони евра повеќе од лани!

Објавено во: Економија 09 Јануари, 2013 08:45

Добивај вести на Viber

Годинава е силен предизвик за Македонската радио-телевизија, која со значително зголемен буџет планира силна внатрешна реформа и преобразба во модерен јавен сервис. Со вкупен буџет од 27,7 милиони евра ( 7 милиони евра повеќе од лани) се најавува зголемена продукција на сопствена програма, дигитализација на јавниот сервис и инвестиции во опрема со цел подобрување на информативната програма. Соња Јованова Наумовска Вкупно 16,5 милиони евра приход ќе има јавниот сервис од радиодифузна такса годинава и тоа е само половина од буџетот кој и е на располагање на МРТ за 2013 година. Според финансискиот план на јавното претпријатие доставен до Собранието, јавниот сервис од Владата планира да добие и финансиска поддршка за редовно работење од близу 4 милиони евра, а исто толку пари од државниот Буџет ќе се одвојат за продолжување на процесот на дигитализација. Владата ќе и префрли на МРТ дополнителни 1,7 милиони евра за реализација на телевизиската и радиопрограмата за иселениците, при што само за закуп на сателитскиот сегмент ќе се потрошат 1,4 милиони евра. Останатите приходи Македонската радио телевизија планира да го обезбеди од реклами, закуп на недвижен простор и сл. Па така, од продажба на рекламен простор МРТ планира да прибере 1,3 милиони евра,  што е двојно повеќе од минатата година и што во главно се должи на зголемениот процент на рекламен простор што го доби МРТ со измените на Законот за радиодифузна дејност од лани. МРТ најавува штедење ама ќе потроши повеќе од лани?! Иако во финансискиот план на МРТ пишува дека годинава јавниот сервис ќе води рестриктивна и штедлива политика, сепак  расходната ставка во финансискиот план годинава е за 5,6 милиони евра поголема од лани и изнесува 26,5 милиони евра. Трошоци се планирани за  подобрување на програмската шема, за дигитализацијата и подмирување на долговите на МРТ. Вкупно 4,4 милиони евра се наменети за откуп на програмски права, 2,8 милиони евра за програмски трошоци, од кои најголем дел отпаѓа на сопствена продукција и копродукции но и 5,4 милиони евра за трошоци за вработените во кои освен бруто платите опфатени се и трошоците за дописниците кои известуваат од Вашингтон, Брисел и Атина. За службени патувања во земјата и странство МРТ планира да потроши 183 илјади евра. Според инвестиционата програма на МРТ за годинава планирано е купување на нови камери, линкови, транспортни возила и други  дополнителни инвестиции за што ќе се одвојат 5,7 милиони евра.  

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје