На средбата со здружението „Но Пасаран“ премиерот ветил решение за граѓаните исклучени од централното греење
Објавено во: Македонија 06 Септември, 2017 12:33
Решение на проблемот со блокирани сметки и тужби за сметки што ги добиваат за парно греење граѓаните и покрај тоа што се исклучени од системот на централно греење вети премиерот на денешната средба со здружението „Но Пасаран“ .
Заев од страна на Ружица Попева Наумова, членка на Управниот одбор на Здружението за заштита на граѓански права „Но Пасаран“, и со други членови на здружението бил информиран за проблемите со кои се соочуваат, а се поврзани со постојаните притисоци од извршители, блокирани сметки и тужби за сметки што ги добиваат за парно греење и покрај тоа што се исклучени од системот на централно греење.
На средбата
премиерот
Заев соопшти дека Владата на Република Македонија веќе бара начин за решавање
на овој горлив проблем за граѓаните, согласно законските прописи, и дека во најбрзо време ќе
предложи начин како ќе се отстрани оваа неправда.
Премиерот Заев ги потврди цврстите заложби на владата да работи во служба на граѓаните и во тој правец ќе се носат решенија кои ќе превенираат вакви проблеми да се случуваат во иднина.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




