НАД СТО СРБИ НА СВЕТИ МАРТИН: Се води војна за вода и храна, а струја ќе има догодина
Објавено во: Свет 09 Септември, 2017
На карипскиот остров Свети Мартин кој го погоди ураганот Ирма има над сто Срби, кои раскажуваат дека се води војна за преостанатата храна и вода, а струја ќе има дури следната година.
Островот е уништен, а се трошат и последните залихи со храна. Најлошото е што допрва уште еден ураган ќе го погоди островот.
„Бев таму и познавам многу наши луѓе кои живеат со семејства и деца. Апелирам на сите да им се помогне“ - пишува Филип Новаковиќ на Фејсбук.
Ирма направи големи штети, но допрва се очекува на овој ураган да се придружат и Хозе и Катја.